27 Април, 2024
0.0299

Немањето греење ја „замрзна“ културата во Куманово

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Поради проблеми со греењето, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово скоро и да нема културни збиднувања периодов, и се одржуваат само најнеопходните настани.

Еден од горливите проблеми кои ги има институцијата е неопходност од систем за греење, вели директорот Сашо Тодоровски. Овој проблем трае со години и граѓаните во зима можат да проследат помалку културни настани.

„Повеќе од 15 години нема централно греење во оваа институција со што сме оневозможени нормално да функционираме во текот на зимските месеци, што е секако еден огромен хендикеп за целокупното одвивање на културните збиднувања во градот. Во подготовка сме за некои прединвестициски проекти кои ќе мора да ги реализираме се со цел да ја собереме потребната документација со која би можеле да побараме средства сè со цел да се реши овој повеќе децениски проблем. Имаме најава од Министерството за култура дека во втората половина на 2019 година ќе се започне и со комлетна реконструкција на Театар Куманово во кој ништо не е вложено изминативе години и Театарот е оставен на милост и немилост на годините кои го надвиснале. Убедени сме дека набрзо ќе биде направена проектната документација за истиот и следната година ќе се започне со реконструкција на таа зграда“, вели Тодоровски.

Во периодот кој следува најавува дека Центарот како институција е отворен за соработка со младите, со сите кои сакаат да учествуваат во создавање разни културни случувања во градот.

„Сакаме да истакнеме дека како институција донесовме одлука за бесплатен влез на сите наши настани кои ги организираме на лицата со посебни потреби со по еден придружник. Со тоа сакам да ги вклучиме нашите сограѓани да бидат дел од секој настан кој ние го организираме. Оваа година исто така го реализиравме и традиционалниот меѓународен фестивал Денови на комедија со вкупно 14 претстави, за кој од идната година очекуваме и поголема финансиска поддршка од ресорното Министерството за култура. Овој фестивал оваа 2018 година имаше преку 9800 посетители, и успешни претстави. Во преговори сме и со Македонската опера и балет и со Македонската филахармонија и тие институции да гостуваат во нашиот Центар за култура сè со цел и граѓаните на Куманово да може да ги проследат тие настани“, додава Тодоровски.

Центарот за култура во Куманово започнал со работа во 1981 година. Тоа е централна институција во градот која опфаќа повеќе сегменти од културата кои се важни за промовирање и поддршка на настаните од областа на културата во градот.

Во Театар Куманово има два професионални ансамбли, македонски и албански театар кои работат под ист кров. Пред некој ден излезе премиерата на претставата на албански јазик „Ни ваму, ни таму“, а до крајот на месецот се очекува и премиерата на претставата на македонски јазик „Мојата ти“.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“