НЕОБИЧНО: Менаџмент на фабрика организира интерна лотарија
Објавено во: Економија 04 Август, 2018
Секогаш е забавно во фабриката и не анимираат со разни типови на игри и интересни содржини. Платите не се мали, како за Македонија, и повеќето работници верувам дека се задоволни, вели вработена од Битола за лотаријата која е организирана во фабриката „Кромберг и Шуберт“, лоцирана во зоната во битолски Жабени.
Менаџментот на фабриката за интерната лотарија наплаќа по 50 денари за секој купен лоз со кој вработениот се стекнува со право да учествува во играта. Главната награда ќе се додели во септември.
До управата на „Кромберг и Шуберт“ испративме прашање за деталите од оваа „игра“, но од таму, иако ни рекоа дека ќе испратат одговор пред неколку дена, се уште не добивме објаснување.
Иако некои со подбив и скептичност гледаат на тоа, од друга страна, има и такви кои не гледаат ништо необично.
Повеќе прочитајте на Лотарија за вработените во „Кромберг и Шуберт“: Уплати лоз и добиј половен mini cooper од 2004 година