05 Декември, 2025
0.0414

Неодоливо: Плата од 3000 евра месечно и живот на остров

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2013 15:48

Добивај вести на Viber

Плата од 3000 евра месечно и прекрасен живот на остров,ова е совршената прилика за вас доколку барате работа. Земјата е Шкотска, овде се бара менаџер кој ќе работи на напуштен остров.  Кандидатот кој ќе ја добие работата ќе живее во средновековен манастир на островот. Со новиот вработен ќе живее уште еден работник, а на островот Инколм ќе живее од март до октомври. На островот има само една продавница, а се работи за сувенирницата Хисторик Скотланд.
Менаџерот ќе мора сам да си носи храна со себе на островот и добро да ги планира оброците. Сепак, местото каде ќе живее е опремено со тушеви, машина за перење алишта и кујнски апарати. Има и струја и вода. Главната поента на животот на островот е авантурата и можноста да се искусат нови работи. Навечер ќе го имате целиот остров за себе, а ќе можете и да уживате во прекрасниот поглед и неверојатниот див свет.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: