НЕОФИЦИЈАЛНО: ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ПРПАРИМ БАЈРАМИ, ПРЕТРЕС ИМАЛО И КАЈ ГРУБИ - сомневања за криминал во Државна лотарија
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024
Според неофицијални информации, утрово полициски екипи извршиле претрес во неколку домови, а причина се сомневања за организиран криминал направен во државна Лотарија. Засега од МВР ова не го коментираат.
Како што е познато екс заменик премиерот Артан Груби утрово се огласи на Фејсбук дека е во Косово, во приватна посета, што следуваше откако на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од земјава. Груби инсистираше да не се шпекулира околу неговото патување. А, наводно, според медиумите, утрово бил вршен претрес и во неговиот дом.
Наши извори велат дека во рамки на таа голема акција МВР наводно го бара и Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија на Македонија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци, но неговите роднини дале ветување дека ќе се врати.
И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.