СЕ ТРЕСЕШЕ НА ТРИ РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве каде се регистрирани земјотреси во земјава
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2024 09:59
Три земјотреси во различни делови од државава регистрирала рано утрово Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, во 1 часот и 12 минути бил регистриран земјотрес со епицентар на 111 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда 3.3 степени е почувствуван во Валандово, Богданци и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во 1 часот и 14 минути бил регистриран земјотрес со епицентар 113 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда 2.2 и е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
-Во 01 часот и 22 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопје со Рихтерова локална магнитуда 2.7 и е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




