20 Декември, 2025
0.0601

Непроценливо богатство е украдено од Музејот на Македонија!

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

60 златни реликти меѓу кои обетки, прстени и копчиња како и голем број предмети од античкиот период се украдени од Музејот на Македонија, информираа од МВР. Според првичните сознанија на истрагата,  најголем дел од украдените предмети потекнуваат од ископувања од Стоби и Исар Марвинци, а за нив задолжени биле двајца кустоси, поради што ќе се формира комисија за да ја провери документацијата на музејот. Како што истакна Иво Котевски, портпарол на  МВР, станува збор за непроценливо богатство, а најдоцна до вторник вработените во Музејот треба да се обидат детално да ја информираат полицијата за последните случувања. „Договорено е формирање на комисии кои би направиле соодветен попис на сите предмети кои се чувале во депото, за да видиме дали има и други предмети кои евентуално недостасуваат, а исто така да се направи и целосен увид во однос на лицата кои изминатиов период наназад имале пристап до депото и влегувале внатре,“појасни Котевски кој додава дека ова се прави за точно да се утврди дали некој од вработените кој имал пристап до депото изнесувал или преместувал некои од вредните предмети. Засега нема наоди дека некој влегол насилно во депото, а  нема ниту осомничени. Музејот го обезедува агенција, а покриен е и со видео надзор кој ги снима влезовите во објектот. Кражбата беше пријавена пред неколку дена, а вработените не знаат точно кога се счучила, туку проблемот го пријавиле кога забележале дека недостасуваат преднети во депото на Музејот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии