НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Објавено во: Македонија 31 Март, 2025 05:59
Променливо и дождливо време не очекува и во текот на оваа недела, а како што најавуваат синоптичарите ова превем ќе не следи се до четврток.
- Најмалку до четврток (3 април 2025) во Македонија ќе продолжи периодот на многу променливо и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено и пообилни). Локално пак ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност - пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Според него во деновиве пред нас, ќе има услови и за појава на поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме) проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
- На планините пак над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
И во Скопскиот регион продолжува променливото и нестабилно време со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер - пишува Попоски.
Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде кај нас ќе надминуваат 10 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 15 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или близу 20 степени.
- Да напоменам дека за време на овој период локално повторно во нашата Македонија ќе наврнат нови над 25/30 литри дожд на метар квадратен, што значи очекуваме уште повеќе врнежи во следниот период. Во зоната на нестабилност можно е да наврне и поголемо количество на воден талог за кратко време, со што се можни локални поплавувања, поради очекуваното невреме, но и можните локални поплавувања, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните - укажува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ЈА СТАВАМ ГЛАВАТА ВО ТОРБА: Слободан Трендафилов откри колку изнесува неговата плата

СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ГРАБНУВАЊА, НО НЕ И ЗА УБИСТВА: Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан како „Царот“
ЗНАМ: Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем

ДОЛГА Е ЛИСТАТА НА ЗЕМЈИТЕ КОИ ПОМОГНАА ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Сиљановска-Давкова се заблагодари на сите

МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ ЗАКАЖАА СРЕДБА: Утре во Владата ќе разговараат за важни прашања

НАДОЈДЕ ВАРДАР КАЈ ВЕЛЕС: Поплавени се двете страни на кејот

ПОЖАР ВО ВЕЛЕС: Се запалил автобус во населбата Превалец

БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ПЕЈКОВ: По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во Кочани

ФИЛИПЧЕ САКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ: Кажа за што би зборувале на лидерската средба
