БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ПЕЈКОВ: По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во Кочани

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 16:02
По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во трагедијата во Кочани, најави бугарскиот пратеник Манол Пејков на неговиот Фејсбук профил.
Тој објави каде биле распределени дел од парите кои тој ги собра за настраданите во Кочани. По консултации со Кризниот штаб во Кочани, бил составен список од 18 семејства кои претрпеле најголеми загуби, а на 15 од нив веќе им се префрлени по 1.500 евра од донациите.
Пејков најави и дека се задржани околу 13.000 евра за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолг третман.
Досега, преку сметка и PayPal, биле собрани вкупно 39.952 евра од 624 донации. Од нив, 22.500 евра веќе се исплатени, 4.500 евра ќе бидат префрлени штом се отворат сметките, а останатите средства ќе се користат за понатамошна помош.Во Кочани загинаа 59 луѓе во пожар во дискотеката Пулс.
Можеби ќе ве интересира
ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР: Во новата работна недела ќе има промена на времето

ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

НАЈМОЌНИ ПАСОШИ НА СВЕТОТ: Каде е македонскиот на листата?
ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Лажно тврделе дека непрописно паркираното возило во Дебар Маало е службено

ВО БЛИЗИНА НА РЕСЕН: Meчка е ослободена откако се фатила во стапица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почина Александар Карадаковски кој се лекуваше во Литванија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД СОФИЈА: Светот влезе во многу турбулентна фаза

„ВАШ ПРОФИТ, НАШИ ЖИВОТИ“: Викендов ќе има протести во Кочани

МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА ПАРЛАМЕНТАРНА АКТИВНОСТ НА НАТО: Ќе се обратат Мицкоски и Мисајловски
