Неверојатните моќи на Бета Глуканот
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2023
Бета глуканите претставуваат имуномодулатори. Имуномодулатори се супстанции кои преку нивниот механизам на дејство го зајакнуваат имунитетот, со што го прават нашиот организам спремен во борбата со вируси и бактерии и пред тие да дојдат во контакт со него.
Бета глуканите може да имаат различно потекло може односно може да се изолираат од овес, јачмен, габи, квасец итн., и поради тоа не сите бета глукани имаат исто дејство во стимулирање на имуниот одговор односно научно е докажано дека бета глуканот изолиран од клеточниот ѕид на клетки од квасец е тој што всушност има најголеми антибактериски, антивирусни и антитуморни својства. Уште подобар имун одговор може да се добие доколку бета глуканите се комбинираат со веќе познатите имуностимулатори/модулатори како што се вит. Ц, вит. Д, цинк, бакар, селен итн.Вакви додатоци најдобро е да се земаат превентивно во зимскиот период, но сепак дури и доколку веќе се разболиме бета глуканот ќе помогне за побрзо изборување со болеста.
Бројни студии укажуваат на тоа дека освен имуномодулаторно дејство бета глуканот има и значително влијание врз ЛДЛ холестеролот т.е лошиот холестерол. Покрај тоа како што веќе напоменавме дал значитечни резултати кај пациенти со гастричен канцер во продолжување на животниот век и намалување на тегобите од истиот. Тој всушност не делува на канцерогените клетки и нивно сузбивање, туку придонесува за поефективна борба на останатите здрави клетки. Некои студии тврдат дека бета глуканите даваат и чувство на ситост со што придонесуваат и при намалување на тежината.Бета глуканот како имуномодулатор се покажал ефективен и како уништувач на афти во устата кој најчесто настануваат од нејасни причини, но се смета дека се поврзани со пад на имунитетот. Кај алергиски ринитис бета глуканот добиен од квасец помогнал значитечно да се намалат симптомите,а за да се добие овој резултат потребно е бета глукан од квасец да се внесува минимум 4 недели. Освен ова бета глуканите може да помогнат при состојби како: астма, алергии, дијабет, Кронова болест, синдром на хроничен замор, улцеративен колит и артрит.
Минимално дневно препорачани дози од кој се очекува ефикасност е 500 мг. Може да се користи три месеци секојдневно по што се препорачува еден месец да се направи пауза, но ова не значи дека нашиот имунитет веднаш ќе се намали бидејќи бета глуканот придонесува за заштита на организмот од минимално 18 дена и после прекинот на употреба. Најдобро е да се земаат наутро пред јадење со што максимално би се искористило нивното полезно дејство.
М-р фарм Соња Пецевска
Пр објава