13 Ноември, 2025
0.0261

Невоља на Балканот: Големи планови за „голема Албанија“!

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2013 08:11

Добивај вести на Viber

Германскиот политички магазин „Штерн“ пренесува статија на германската новинска агенција ДПА во која што се вели: Идејата за „голема Албанија“ ги алармираше соседите! Го пренесуваат ставот дека “само обединувањето на сите Албанци ќе му донесе стабилност на регионот“.  Ова е интегралниот превод на статијата: По петте војни на Балканот границите се повлечени. Сепак, Албанците се чувствуваат измамени во однос на нивната национална држава. Наместо шест различни земји, тие се стремат кон создавање една голема држава. Од ова лето Албанците, независно од местото на живеење, ќе можат да добијат пасош на Република Албанија. На овој начин владата на оваа балканска земја го исполни ветувањето дадено претходната година за време на прославувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија. Поради притисокот од странство, владата мораше да направи отстапка: понудата за пасоши не важи за соседно Косово. Плановите на Тирана очигледно многу мирисаа на создавање  „голема Албанија“. Овој јули, членката на НАТО, Албанија и Косово потпишаа воен договор. Покрај заедничка обука и воени маневри, овој договор предвидува и времено стационирање на албански трупи на Косово, коешто е населено речиси само од Албанци. Во Србија, чиешто население има сосема мало малцинство во Косово, се активираше алармот.  „Армија за голема Албанија“ – критикуваше белградскиот весник „Новости“. Ова е „само уште еден чекор во правец на обединување“ – критикуваше весникот „Курир“. ЕУ не сака да чуе за промена на границите Творците на проектот имаат план преку обединувањето на двете соседни земји да создадат основа за формирање на „голема Албанија“. На овој начин би се коригирала „огромната неправда“, што им била направена на Албанците пред сто години на Лондонската конференција, кога биле поделени во пет земји. Европската унија не сака да чуе за промена на границите на Балканот по сите крвави војни. Стравува дека државите со албански малцинства би се дестабилизирале.  Основањето на една „голема Албанија“ – според прогнозите – би ги распарчило сегашните земји и повторно би го заживеала проектот од војните во 90-тите години за формирање на „голема Србија“. На врвните албански политичари им се допаѓа оваа идеја „Албанското прашање се’ уште не е решено и натаму претставува извор на конфликти“ – тврди главниот теоретичар на проектот, кој живее во Тирана, Кочо Данај. Само обединувањето на сите Албанци ќе му донесе стабилност на регионот. Истиот став го дели и косовската партија „Ветевендосје“ (Самоопределување). Третата по големина косовска партија исто така се стреми кон создавање „голема Албанија“. Не се исклучува можноста за оваа политичка партија уште повеќе да се засили на следните парламентарни избори. Многубројни албански водечки политичари во Србија, Македонија и Црна Гора флертуваат со оваа идеја. Но, сепак (се’ уште) се плашат да не ја изгубат привилегираната положба во овие земји, доколку гласно го изнесат ваквиот став, на пример, во Македонија, каде што според проценките Албанците се дури една третина од населението. Таму Али Ахмети и неговата партија ДУИ се оние кои му ја ставија круната на словенското владино мнозинство. Заедно со конкурентската партија, ДПА, ги контролираат Албанците во западниот дел на земјата, вклучително и шверцот кон Косово и кон Абанија. Исто така и во Црна Гора Албанците во Владата се клучниот тег на вагата. Засилена трговија меѓу земјите Во секој случај се’ повеќе се зголемува трговијата меѓу Албанија, Македонија и Косово. Новиот автопат од Албанија кон Косово го преполови времето за возење на четири до пет часа. Динамичната програма за размена со соодветни стипендии ги мотивира албанските студенти од соседните земји да одат во Тирана. Во поново време Албанците од јужна Србија, чишто број според проценките е 60.000, се’ почесто бараат припојување кон Косово, каде што се набљудувани како „источно Косово“. Јавно само малкумина водечки албански политичари се залагаат за повторно обединување на сите Албанци. Според српскиот начин на толкување на работите, проектот „голема Албанија“  од позадината го поддржуваат САД. На овој начин САД сакаат да ги закочат Србија и нејзиниот голем сојузник, Русија. Оваа геополитика или некоја од многуте теории на заговор на Балканот, секако дека се недокажливи. Превод и обработка: Редакција Фактор Преземање на содржините на Фактор е можно само во договор со редакцијата

Можеби ќе ве интересира

„Нема повеќе луксуз да купуваме време“ – Кој е „третиот партнер“ што сака да го преземе НИС? Дали САД ќе го одобрат?

„Нема повеќе луксуз да купуваме време“ – Кој е „третиот партнер“ што сака да го преземе НИС? Дали САД ќе го одобрат?

(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЗАГРЕБ: Граѓаните вознемирени се јавуваа во полиција

(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО ЗАГРЕБ: Граѓаните вознемирени се јавуваа во полиција

Бугарија се соочува со недостиг на гориво: „Залихи има за околу еден месец“

Бугарија се соочува со недостиг на гориво: „Залихи има за околу еден месец“

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

Како Црна Гора стана најбрзорастечкиот центар на милионери во светот?

Албин Курти покажа какви дронови произведуваат на Косово

Албин Курти покажа какви дронови произведуваат на Косово

РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Лекар од Македонија прегазил куче пред зграда во Софија

РЕАКЦИИ ВО БУГАРИЈА: Лекар од Македонија прегазил куче пред зграда во Софија

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

„ОД ПРВИ ЈАНУАРИ, ПРЕМИНУВАМЕ НА ЕВРО“: Наскоро и официјално почнува транзицијата на Бугарија кон единствената европска валута

Градоначалникoт на Вуковар: Одговорноста за изложбата „Србинка“ е на организаторите, подобро би било да ја одложат

Градоначалникoт на Вуковар: Одговорноста за изложбата „Србинка“ е на организаторите, подобро би било да ја одложат

Пронајдена опасна бактерија во сувомеснати производи во Хрватска – итно се повлекуваат од продажба

Пронајдена опасна бактерија во сувомеснати производи во Хрватска – итно се повлекуваат од продажба