08 Април, 2025
0.0321

Сомнеж во странска инвестиција, постоечки вработени може да ги прикаже како нови за да добие државна помош

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата пред два месеци изразила сомневање во начинот на доделување на државна помош за аутсорсинг компанијата „Емапта“ во технолошко-индустриските развојни зони.

Според КЗК, спорно е тоа што во Договорот за доделување на државна помош на „Емапта“ за реализација на инвестицискиот проект во индустриската зона Скопје, потпишан на крајот на 2023, било предвидено државата за оваа компанија, за давање на логистички услуги - од сметководство до програмирање на други фирми-клиенти, да доделува неповратен грант од 3.250 евра за секој вработен, откако ќе се вработат првите 100-тина лица. Спорно е тоа што оваа компанија веќе има свои вработени од претходно во земјата и според комисијата, тие работници инвеститорот ќе ги пренесе во индустриската зона и би влегле како бројка во исполнувањето на критериумот.

„Во врска со доставеното известување за планирано доделување на државна помош на друштвото за услуги ‚ЕМАПТА ДООЕЛ' Скопје како и конципираниот пакет на поволности содржани во Предлог договорот за доделување на државна помош, за КЗК постојат сериозни сомневања за дозволеноста за доделување на таквата помош заради: сомневање дека инвестицискиот проект претставува продуктивна почетна инвестиција согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на регионална помош - опфаќањето под категорија вработени и на лицата кои веќе се во работен однос пред датумот на почеток, односно постоечките вработени лица кои се вработени во Друштвото за услуги ‚ЕМАПТА ДООЕЛ' Скопје ќе се префрлат во ТИРЗ 1 и ќе ја користат мерката за креирање на нови работни места, согласно Предлог Договорот за доделување на државна помош, потоа нејасност во Предлог договорот дека новите работни места значат вработување на лица државјани на Република Северна Македонија“,се сомнева Комисијата.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 30 јануари за овој случај донела заклучок за поведување постапка за оцена на дозволеноста на доделувањето на државната помош

„Согласно Законот за контрола на државната помош на 30 јануари 2025 година Комисијата за заштита на конкуренцијата почна постапка за оцена на дозволеноста на доделувањето на државната помош за компанијата ‚ЕМАПТА ДООЕЛ' Скопје заради фактот што постојат сериозни сомневања за дозволеноста на доделувањето на помошта преку мерката содржана во известувањето за планирано доделување помош од 15.12.2023 година доставено од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и како резултат на горенаведеното Комисијата за заштита на конкуренцијата постапува согласно член 4 од Уредбата за начинот и постапката за поднесување на известување за доделување на државна помош, како и постапката за вршење надзор на постојната државна помош“, се вели во заклучокот.

Во него се додава дека вработените треба да имаат барем за 50 отсто повисока плата од просечната нето плата на ниво на државата за аутсорсинг компанијата да го добие грантот. Според договорот, Емапта во 2027 и 2028 за плати треба да издвои најмалку 33.000.000 евра за вработувања со полно работно време. 

Инвестицијата беше објавена на почетокот на 2024 со најава дека стручни кадри во областа на дигитален маркетинг, софтверски инжинеринг, финансиски менаџмент, ИТ и ИКТ ќе можат да пронајдат нови вработувања со инвестицијата на австралиската компанија во ТИРЗ, но и дека ќе може да работат од дома.

Според договорот, инвеститорот треба да има деловен простор на површина од шест илјади метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1, со план да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години, односно повеќе од 10 илјади за една деценија. А, само за плати годишно да се вложуваат над 15 милиони евра.

„Емапта“ има портфолио од 730 компании – клиенти и 7.600 вработени низ светот. На глобално ниво нејзината мрежа вклучува оперативни капацитети во Азија, Европа, Јужна Америка и Австралија.

Компанијата е основана од Тим Ворбах во 2010 година, во Австралија. Работи според концептот one-stop-shop и нуди широк спектар професионалци и дејности. Во 2022 остварила приходи од 2,8 милијарди долари, а за 2023 биле проектирани три милијарди.

Финансиските проекции на ЕМАПТА Македонија за 2027 предвидуваат приходи од 14 милиони евра, а до крајот на инвестицискиот проект во 2033 – 66 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МУ ПОДГОТВНИ ОДГОВОР НА ТРАМП: Фон дер Лајен: Предложивме нула царински стапки

ЕУ МУ ПОДГОТВНИ ОДГОВОР НА ТРАМП: Фон дер Лајен: Предложивме нула царински стапки

ВРАЌАЊЕ НА КОРЕНИТЕ: Порше сака да прави тенкови

ВРАЌАЊЕ НА КОРЕНИТЕ: Порше сака да прави тенкови

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Директорот на ТИРЗ: Царините на Трамп индиректно ќе ги погодат слободните индустриски зони

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

Колку заработи бизнисменот Ајри Шеј од новокупената топлана во Скопје?

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

МИЛИЈАРДЕР БЛИЗОК НА ТРАМП: За ова не гласавме, претседателот Трамп со царините ја губи довербата на деловните лидери ширум светот

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

ШПЕДИТЕРОТ ГОЛЕМ АКЦИОНЕР МОЖЕБИ НЕМА ДА „ЛАПНЕ“ ГОЛЕМА ДИВИДЕНДА, АМА ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД ГОЛЕМАТА ЗДЕЛКА - што ќе ѝ продаде „Фершпед“ на „Европа“ за пет милиони евра

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти

АВТОМОБИЛСКИОТ ГИГАНТ СО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ПОРАДИ ТАРИФИТЕ НА ТРАМП: Стелантис им нуди попусти на американските клиенти