18 Мај, 2024
0.0357

Невработеноста – главен предизвик на земјите од Југоисточна Европа

Објавено во: Економија 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Југоисточна Европа и земјите кои ја сочинуваат се соочуваат со многу предизвици, а најистакнат е невработеноста.

Во последните две децении владите креираа разни политики  за отворање на повеќе работни места, но потребни се заеднички напори на државите за да се подобрат состојбите.

Ова беше темата на денешната дводневна регионална конференција за вработување и социјална инклузија во Југоисточна Европа и Труција што денеска започна во Скопје.

Помошник генерален секретар на Обединетите нации и регионален директор на УНДП за Европа Џихан Султаноглу, смета дека просечните нивоа на невработеност во земјите од Западен Балкан се над 20 проценти, а стапките на вработеност генерално изнесуваат 43 проценти.

- Создавањето на раст богат со работни места е клучот за бришење на прекарот што овој регион го носи како „сиромашна периферија“ на Европа - и тоа е предизвикот околу кој е структуирана оваа конференција, рече Султаноглу, додавајќи дека сепак во изминатите две децении се спроведени политики за отворање нови работни места, а застарените образовни системи се прилагодени со цел да се надополнат недостатоците од вештини потребни на пазарот на труд.

Според  министерот Диме Спасов пак Македонија е на вистинскиот пат кога е во прашање невработеноста за што говорат и бројките, односно намалувањето на невработеноста од приближно 40 проценти на 27,6 проценти.

- Почнувајќи од 2007 година, Владата на годишно ниво носи оперативни планови на активни програми и мерки за вработување каде се дефинираат активните мерки за вработување, целните групи, конкретните активности и рокови. Фактот дека од 2007 година до 2014 година преку мерките за вработување од оперативните планови се вработиле над 36.500 лица, што во македонски услови претставува сериозна бројка, говори дека таквиот пристап во справувањето со невработеноста е целосно оправдан, рече Спасов, додавајќи дека за годинава е усвоен нов оперативен план со кој се очекуваат нови 8.200 вработувања.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа