Невреме деформираше позната хрватска плажа
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2018
Невреме деформираше една од најубавите плажи на островот Брач во Хрватска.
Силниот ветер и морските струи ја заоблеа оваа плажа кон запад.
Таа ќе остане ваква додека повторно ветерот и струите не ја исправат. Фотографиите од оваа неверојатна глетка на Фесјбук ги објави фотографот, Рони Маринковиќ.
Неделава невреме ја зафати Далмација и островите, а плажата Златен р’т повторно го смени изгледот.
Во Далмација имаше бранови високи и над 9 метри поради силните ветрови.