Невреме во Бангладеш, гром уби најмалку 30 луѓе
Објавено во: Свет 13 Мај, 2016
Невреме го зафати Бангладеш, при што гром уби најмалку 30 луѓе, а голем е бројот на повредени.
Гром погоди најмалку десет студенти кои вчера играле фудбал во Јатрабари, информираат од полицијата. Двајца од нив на возраст од 20 години кога се примени во болница само е констатирано смрт. Повеќето жртви се во северните делови на земјата.
Пет жртви има во Сирајгањ, Рајшахи и Пабна, а уште тројца мртви има во Брахманбариа и Кишорегањ. Невремето се случи ненадејно.