20 Декември, 2025
0.0497

„NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR“ – Домаќин на „PIONEERS OF THE BALKANS“ во Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Август, 2015 09:20

Добивај вести на Viber

NewMan’s Business Accelerator на 18ти август 2015 (вторник) ќе биде домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна Start-Up програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка. Во новите простории на NewMan’s Business Accelerator со почеток во 19:00 часот ќе биде организирана средба со локалната стартап заедница со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата.

На средбата организирана во ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ексклузивно ќе присуствува извршиот менаџер на Pioneers од Австрија Marius Starcke, како и проектниот менаџер на програмата Јанко Милуновиќ.

Pioneers of the Balkans е инвестициска програма подржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната стартап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво преку:

-       Бесплатно знаење, алатки и вештини,

-       Бесплатен влез (1 ден) на Belgrade Venture Forum во ноември 2015,

-       Директни контакти со повеќе од 100 интернационални инвеститори,

-       Можност 50те финалисти да се натпреваруваат за 200.000 евра инвестиција,

-       Специјална можност за Pre-Silicon Valley валидација од страна на NewMan’s Business Accelerator за 50те финалисти.

Програмата е наменета за сите иновативни старт-апи, outsourcing компании со сопствени иновативни производи или студенти со наредни идеи. Она што ни е потребно е претприемачки дух, ентузијазам и се разбира – одлична бизнис која има шанса да го освои светот. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе земе значајна улога во овој настан преку вклучување на свои ментори при подготовката на избраните стартапи за полуфиналето и финалето на програмата.

Апликациите траат најдоцна до 31.08.2015 на http://pioneersofthebalkans.io/

Телефони за контакт: 072  252 245 или 072 220 484.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии