19 Мај, 2024
0.0480

New York Times: Русија се подготвува за нова ера

Објавено во: Свет 25 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Русија се подготвува за нова ера, пишува во својот коментар американското издание „New York Times“. Доказ за тоа е зајакнувањето на воениот потенцијал, кој го врши земјата во последните години.

Воените трошоци се зголемуваат, армијата се модернизира, во последните месеци се мобилизирани над 100 илјади војници, а во базите на земјата во Арктикот се оживуваат за нов живот, наведува весникот. Од септември 2015 година Русија веќе игра и важна улога во Сирија, почнувајќи со воздушните напади во заштита на владата на Башар Асад.

Таква енергичност не е видена од времето на Студената војна наваму, а тоа може да предизвика и нови тензии со Западот, пишува уште „NYT“.

Русија повторно обрнува внимание на базите во Арктикот - гради нови и ги модернизира старите, назначува и нови вработени таму. Аналитичарите посочуваат дека дел од активностите на Русија во регионот се диктирани од климатските промени. Со оддалечувањето на мразот Москва ќе се обиде да ги задржи новите морски трговски патишта, како и енергетски ресурси - нафта и гасни полиња.

Москва го зголемува воениот буџет - за 11 милијарди долари помеѓу 2014 година и 2015 година до над 50 милијарди долари, наведува весникот. Целта е до 2020 година 70% од опремата на руската армија да биде реновирана.

Верзијата на руските власти е дека ова зголемување доаѓа во време на континуирано намалување на средствата за армијата во годините по распадот на СССР. Сега сепак цената на нафтата паѓа, а руската економија се намалува и прогнозите се дека воените трошоци, исто така ќе се намалат.

Од анексијата на Крим во пролетта 2014 година, Русија постојано се конфронтира со други држави, влегувајќи во нивниот воздушен простор без дозвола. Ова доведе и до соборувањето на руски воен авион од турските воздухопловни сили.

„Путин се обидува да ги провоцира САД и НАТО со воена акција“, пишува „New York Times“ и додава дека причината за ова е желбата на рускиот претседател да го зголеми својот рејтинг.

Во Сирија, Москва врши воздушни напади главно над базите на бунтовниците кои се против претседателот Асад, а не толку над територијата контролирана од „Исламска држава“.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата