20 Декември, 2025
0.1083

Незаборавни моменти го отсликаа Nike Air Max Day

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2017 14:34

Добивај вести на Viber

Скопје заедно со Белград, Берлин, Њу Јорк, Москва, Сао Паоло и други светски метрополи го прослави Air Max Day. Мистериозната џиновска кутија која една недела го привлекуваше вниманието на илјадници луѓе, денес по повод триесеттиот роденден на Air Max беше отворена! Во неа се криеше уникатен графит кој го отсликуваше дизајнот на новата линија на легендарните Nike Air Max. Патикитекои се носители на иновацијата на Air линијата.

Овој ден се одбележува на глобално ниво  заедно со сите спортски ентузијасти и љубителите на еден од најпрепознатливите светски брендови, Nike, како и на линија на спортски обувки, Air Max. Овие патики се дел од сржта на урбаната култура насекаде низ светот. Револуцијата на Air Max започнува во 1987 година кога Air Max од специјализирани тркачки патики стануваат незаменлива опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во симбол на урбаниот животен стил.

За триесеттиот роденден во „Јавна соба“ во Скопје беше организирана и незаборавна изложба на Air Max, кои триесет години го доловуваат овој безвремен начин на живот. Оригиналната колекција беше овозможена од Le Funk кој е еден од ретките кои можат да се пофалат со ваква импресивна колекција. Членовите на оваа sneakers култура како Гоце САФ, Едина Муса, Маријана Станојковска, Димитар Атанасовски, членовите на Беатрикс и многу други се запознаа со децениската историја на нивниот начин на живеење.

За време на изложбата беа претставени и најновите модели Air Max 90 Ultra Flyknit - препознатлив по живописни бои и лесен Flyknit горен дел. Тие ќе бидат достапни исклучиво во продавниците на Buzz и Nike Shop.

Начинот на кој овие култни патики се носат на специфичен начин го истакнуваат сечиј карактер истакнувајќи го незаменливиот урбан стил.

После 30 години Air Max продолжува да еволуира!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии