01 Јуни, 2024
0.0265

Независна ревизија: Цената на гасот ќе биде „пали – гаси“ за термоелектраната ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 26 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

ТЕ-ТО годинава го има најчудниот финансиски резултат, кој според независната ревизија е директна последица на отписот на долговите за кои одлучи големиот акционер на поседното собрание лани. На што гневно реагираше малиот акционер „Топлификација“ и непосредно по тоа се соочи со барање за стечај од заинтересирана страна

Цената на природниот гас – енергенсот од кој се произведува струја и топлинска енергија во скопската џет-гасна централа ТЕ-ТО е 80 отсто од сите трошоци на когенеративната централа, тврди независната ревизија во извештајот на ТЕ-ТО за 2018 година. Според нивниот наод постои значајна несигурност во идното работењ на таа компанија која е директно генерирана од идната цена на енергенсот од кој се произведува топлина и струја.

Независната ревизија се воздржува и не дава мислење за објективноста на финансиските извештаи на оваа компанија, единствена по својата дејност во нашата земја. Според нив, многу од податоците дадени во извештаите не можат да се проверат со ревизорски методи, а некои пресметки и ставки не се во согласност со меѓународните сметководствени стандарди.

За работењето на компанијата ланинезависната ревизија во своите наоди констатира дека добивката на компанијата во износ од 129 милиони евра всушност е резултат на ефектот од отписот на обврските што ги има компанијата согласно планот за реорганизација . Без овој зафат друштвото би имало загуба од работењето во износ од 2,4 милиони евра.

Ревизорите потенцираат дека во денот на завршување на извештајот друштвото не платило данок на добивка и тоа е износ од околу 5 милиони евра. Иако треба да биде платен до 15 мај односно 30 дена од денот на поднесување на годишна завршна сметка.

Според билансот на успех компанијата лани има реализација т.е. приходи во износ од 57,8 милиони евра. Тоа е безмалку ист износ споредено со 2017 година кога приходот бил за нијанса поголем. Резултатот од редовно работење е 8,95 милиони евра и и е послаб од истиот период лани.

„Магијата“ во билансот настанува со отписот на долговите. Имено, лани големиот акционер потврдува на собрание отпис на долг од 148 милиони евра и по тој основ вкупната сеопфатна добивка лани е 129,3 милиони евра.

Ланскиот стечај на ТЕ-ТО предизвика лавина реакции особено од „Топлификација“. Повеќе на темата може да прочитате на следниот линк Акционери: Лажниот стечај на ТЕ-ТО е ништовен


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

НАЈДОЛГА РАБОТНА НЕДЕЛА ИМА ВО ГРЦИЈА: Хрватите работат повеќе од Германците и Австријците

НАЈДОЛГА РАБОТНА НЕДЕЛА ИМА ВО ГРЦИЈА: Хрватите работат повеќе од Германците и Австријците