24 Ноември, 2024
0.0296

„Никаква гаранција немаме дека тоа нема да значи нови вработувања“: Битраков за најавената реорганизација

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Можеби во прв план новите министерства кои ги изгласа новото парламентарно мнозинство ќе функционираат со постоечките вработени, но веројатно е дека овие министерства ќе си вработуваат и други луѓе, истакна Константин Битраков, асистент по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“, гостувајќи на „Топ Тема“ на ТВ Телма.

- Никаква гаранција немаме дека тоа нема да значи нови вработувања. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека ќе скратат 150 државни органи, но тие се околу 70 во моментов. Реорганизацијата не треба да биде само спојување на органи, туку да се зборува и за човечкиот фактор.

Едно е да се укинат замениците директори во јавни претпријатија, но ако се укинуваат сите заменици, тоа може да значи нешто. Најголем дел од јавните претпријатија се формирани од општините, а тие со закон Владата не може да ги укинува – рече Битраков.

Таој воедно се осврна и на брзината на носењето на законот за реогранизација, кој како што рече е донесен во рекордно брзо време. 

- Јас не сум сигурен, и можеби треба да се направи некоја анализа, дали Собранието некогаш донело закон за ден и половина, односно за помалку од два календарски дена и велам календарски, бидејќи не беа и работни - посочи Битраков.

„Објаснувањето за тоа беше дека е едноставна реформа. Така пишува во предлогот на законот кој што е поднесен од предлагачот, пратеникот и мандатар, Христијан Мицкоски дека практично станува збор за необемна и несложена реформа, што баш и не е така. Кога ќе видиме дека има 31 член, кога ќе видиме дека има сериозни реформи во рамките на министерствата, значи не е само зголемувањето од 16 на 20, туку имаме и измени. Надворешна трговија, на пример, повеќе не е нешто со кое се бави министерството за економија, таа оди во министерството за надворешни работи. Агенцијата за млади и спорт се укинува како самостоен орган на државната управа и од неа, практично, вадиме две министерства – министерство за спорт и министерство за социјални политики, демографија и млади, итн - посочува Битраков.

Според него, поместувањата во рамки на министерствата се сериозни кои беа изгласани од пратениците за неполни два календарски дена.

- Притоа во делот за финансиски импликации пишува во законот „овој предлог има финансиски импликации“. Каде што пишува колкави се финансиските импликации, нема информација. Вели ќе се покријат од државниот буџет - забележува Битраков.

Битраков вели дека во македонскиот систем има сериозен нормативен хаос за што, како пример, ги посочи органите во состав на министерствата.

- Прво, нивниот назив на ниту еден начин не ни кажува што еден орган работи. На пример, имаме Управа за извршување на санкции која што раководи со сите затвори. Таа е орган во состав на министерството за правда. Имаме Управа за хидрометеоролошки работи која што внимава на времето. Имаме Управа за водење на матична евиденција. Значи зборот Управа ништо не значи за надлежноста. Кога веќе се интервенира во еден таков закон, треба тоа да се направи, да речам, попрудентно, пообмислено и да имаме, на пример, и типизација на органите во состав на министерствата, да се објасни што значи називот на еден самостоен орган и ние да знаеме што еден орган работи. Тоа не беше направено - истакна Битраков.

Укинувањето на економските директори, замениците директори и на дел од институциите, односно кратење на јавната администрација, го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски.

- Еве можам да ви кажам дека идната влада нема да има повеќе организациски или т.н. економски директори во здравствените установи низ Македонија, со што за стотина функционери ќе биде помала администрацијата. При формирањето на управните одбори имаме согласност таа бројка да биде за 20 проценти намалена од таа којашто беше досега. Следен чекор е укинување на позицијата онаму каде што постои заменик (директор) и нормално уште еден чекор, а тоа е намалување на бројот на пратениците во парламентот, но за тоа е потребно отворање на Уставот, од 120 на 90 - изјави Мицкоски кој вели дека кратењето ќе биде повеќе од 10 проценти како што беше најавено во програмата.

Оваа најава доаѓа откако без јавна дебата за само неколку дена се изгласа Закон со кој се зголеми бројот на министерствата од 16 на 20.

Фото: Принтскрин/Телма

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа