04 Мај, 2024
0.0281

НИКОГАШ НИКОГО НЕ ОДБИЛА, ОДМОРИ ПРЕКИНУВАЛА, ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА СПАСИЛА... - видни личности со огромна поддршка за Цули

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите за поддршка по нападите врз д-р Цули Софијанова, директорка на Детската клиника. 

Оние кои ја познаваат и на чии дечиња помогнала, не се согласуваат со вакви, како што велат, оркестрирани хајки против оваа докторка.

Новинарката Валентина Базерко пишува на фејсбук.

„Со новинарството на Фуркан не се согласувам! Го сметам за неетичко. Но, нека повели кај менаџерите на јавните претпријатија, компаниите, банките...И нека праша колку добиваат месечно и колку дежураат 24/7 колку вонредни ангазмани имаат итн А може и да ги праша колку проневери имаат направено со одливи на пари преку тендери и според финансиски извештаи на ревизори...Веднаш ке ви кажам кои директори од кои партии ке ги заобиколи во широк круг, Нека ги провери и дивидендите од акционерите, а може и профитите од странските компании...Се разбира, ако само тропне на врата кај тие кои профитите ги испракаат во нивните земји, а овде исплаќаат минималец, се знае како ке си помине... Ете затоа со новинарството на Фуркан и со хајките против јавни личности, изведени на неговиот "Фуркан- начин" со лага за тоа за која тема сака да разговара, никогаш не сум се согласувала и нема никогаш да се согласам! Новинарите не се лажговци, пред се, па да се најават за едно да прашуваат друго, па потоа да глумат дека така го штителе јавниот интерес!

ПС: Др Цули Софијанова веќе беше мета на напади од кои се згрозив, откако случајно ги видов пред неколку месеци, веројатно од истиот "центар" заинтересиран веројатно да и го преземе местото на клиниката. Тогаш на мета беше нејзината стручност и нејзиното право на усовршување. И еве, неколку месеци потоа, извесни лица од места во кои гореа ковид болници, некои кои "гореа од желба" таа да не е на клиниката сега се послужија со "фуркан новинарство" за да ја оцрнат! А можеби и им пречи експерт како неа, кој за 5 минути ке најде место во кој и да е светски центар да биде достапен за нас во клиника за јавно здравство каде помага на сите, буквално сите деца кои имаат потреба! Мозеби некому му е "биг бизнис" тие деца да не може да се лекуваат овде, или во јавното здравство...И извинете што не ја споделувам "радоста" од хајките во кои божем се штити јавниот интерес, а со кои всушност се урива јавното здравство...Прашањето кое мене ме интересира е кој го нарача " фурка" новинарството пред неколку месеци и сега?

Ели Пешева, поранешна новинарка, сега директорка за комуникации, вели:

„Има ситуации што не се мерат со пари. Има моменти во животот во кои работите се ставени во конкретни раце, на една жена и нејзиниот тим, и во кои ви доаѓаат зборови и молитви кои не сте ни свесни дека ги знаете. Се надевам никогаш нема да сте во таква состојба.

И сега гледам став имаат исти тие што ме премолувале да ја станувам од семејни прослави, да ја будам во сред ноќ, да ја вадам од дома во недела, да и вртам на одмор, трчала и одговарала за секого, никогаш не ме одбила, Culi треба да бидеме благодарни што решил да биде мазохист овде, ова е терен за игри за преживување на кој во публика седат хиени.

И ете, чисто за баланс, ако може да го погледнеме овој нов „жанр“ во новинарството, селективен, базиран на тврдења без истовремено да ги видиме и доказите, со неетички настап и снимање, што се повеќе го одомаќинуваме и охрабруваме“, пишува Пешева.

Елена Цветанова објави:

„Вие што сакате кажете, но кој ја запознал, сигурно имал мака. И на секој помогнала. И нас не спаси, кога се роди Матеа пред 7 години и имаше само 1300г, отидовме на клиника со сепса. Не, не отидовме, туку лично докторката отиде во болницата каде што бевме и ја зема. Ми ја спаси. И секогаш не спасува, од супер инфекции и секакви болештии, кај и да е низ светов, што и да прави. Секогаш тука за сите е нашата најдобра Culi Sofijanova“, пишува Цветанова.

Драгана Чифлиганец со став: 

Се што е добро да се уништи, да се нема трошка почит према човек што спасува детски животи. Дали детскиот живот има цена и работно време?

Очигледно успешни луѓе во нашата Македонија не им е местото. Culi Sofijanova колку е достапна се гледа и по тоа што прима секого кај нејзе.

Искрен човек на неправди неможе да глуми смирен“, вели Чифлиганец.
Поетесата Ана Бунтевска објави:

„Колкава е жедта за крв и распнување. И сето тоа поткрепено со поткинато парче хартија без потпис и печат (кое кружи низ нет), евтина провокација (за 15 минути слава) без објаснување што е бруто, а што нето плата. Сосем доволно за да никнат статуси и коментари со вокабулар од кој се наткрева желудник.

Нема ни едно дете вратено, телефон кревала и во 2-3 сабајле (дури и тогаш кога била и самата болна), прекинувала одмор за критични случаи. И пред да кажете дека тоа и е работа (вон работното време), нека ви текне на сите оние луѓе и институции чија работа била да ве услужат (оти нели и тие од наш џеб се плаќани), ама сте биле одбивани или враќани. Или нека ви текне кога за време на пандемијата матичните лекари (секоја чест на исклучоците кои останаа посветени) не ве примаа во ординациите од страв да не се заразат.

Еднаш немало муабет дека некој ја подмитил или дека барала нешто од пациентите. А околу полемиките за тоа каква и била реакцијата при снимањето (за кое правници ќе кажат дали е законски, а новинари дали е етички), тврдам дека 90 отсто од згрозените веројатно и пожестоко би изреагирале.

Од сите гревови на светот, во оваа земја најголемиот е да имаш...сеедно дали "имањето" е пара, авторитет или знаење“, пишува Бунтевска.

Активистката Биба Додева вели: 

„Добро, толку ли хиени се накотија, па Цули им засмета? Да работеа и да беа барем трошка посветени, колку што е таа на својата работа, оваа наша држава ќе беше поубаво место. Тоа што таа го работи нема цена, спасува животи...

Не сфативте дека, блуејќи отрови по луѓето само говори за вас самите?

Тажно е ова...“, вели Додева.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра