НИКОЈ НЕ ДАДЕ МИЛИОН ЕВРА, А НЕ ПОНУДИ НИ 600 ИЛЈАДИ - трета среќа за Топланата Север, еве на колку сега падна цената

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2024
Прво за неа се бараа дури еден милион евра, па потоа очекувањата се симнаа на 600 илјади. Но, никој не ја сакаше, за сега да се нуди за 350 илјади евра. Но, дали и за оваа сума ќе се најде купувач, останува да се види во понеделник наредната недела.
Погодувате, станува збор за Топланата Скопје Север, која во понеделник ќе се нуди на јавна берзанска аукција по моделот „се или ништо“.
Газда на Топланата Север која снабдува со парно околу 500 скопски домаќинства е Топлификација, која, пак, од поодамна е во стечај, па затоа се очекува дека средствата што би се добиле од неа ќе влезат во стечајната маса, а потоа ќе се распределуваат на довери.
Прво овој објект се нудеше за 982 илјади евра, па на втората аукција почетната цена се симна на 607 илјади евра. На претстојната понеделничка „трета среќа“ за Топланата Север ќе се бараат 350 илјади евра.
„Ве известуваме дека на 26 февруари (понеделник), на барање на членката Комерцијална Банка по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции од страна на продавачот Топлификација -во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 278 денари по акција преку моделот се или ништо“, се вели во објавата од Берзата.
Дали воопшто аукцијата планирана за понеделник ќе се реализира, ќе видиме, односно дали ќе се јават воопшто заинтересирани купувачи и дали тие ќе бидат подготвени да платат соодветна сума за топланата. За таа топлана ќе биде многу добро да си добие сопственик, прецизно дефиниран, кој правилно ќе стопанисува со неа и ќе се грижи за нејзиното одржливо и рентабилно работење.
А, јавна берзанска аукција за големи пакети акции, според правилата на берзата, говорат дека тоа е постапка во која продавачот според однапред утврдени услови дава понуда за продажба на акции кои се предмет на аукцијата, при што учесниците согласно правилата на аукцијата меѓусебно се наддаваат за купување на акциите. Има неколку модели по кои се врши продажбата. Кога се оди на моделот „се или ништо“, како во овој случај, целата понудена количина на акции се продаваатво пакет, преку една трансакција.Како потенцијални купувачи на овие акции може да се јават сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица, согласно законските прописи на земјава. Притоа, токму членката на Берзата која ги застапува продавачите на акции, како што е во случајов Комерцијална банка, доставува барање до Берзата за организирање аукција.
За јавната берзанска аукција при моделот “се или ништо” е битно дека БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. БЕСТ системот ги прифаќа само куповните налози со цени кои се еднакви или повисоки од понудената продажна цена за определена акција. Цените на внесените куповни налози во БЕСТ системот може само да се зголемуваат. Затворањето на аукцијата се случува автоматски при што БЕСТ системот автоматски склучува трансакција со налогот кој е прворангиран.
Оваа компанија во 2022 година била загубар, односно деловната година ја завршила со загуба од 321 илјади евра.
Во октомври лани Куштрим Рамадани замина од директорската позиција во Топланата Скопје Север, а основаше и нова фирма која ќе работи во делот на инжинерските и консултантските услуги.
„Не можев повеќе да ја издржам неизвесноста околу Топланата. Имаше неколку обиди за продажба, но неуспешни, така што тоа прашање цело време некако ‘виси’, во смисла - ќе се продава, не се продава. Затоа решив да се тргнам оттаму и барем да бидам ‘на чисто’, да почнам нешто свое, па потоа ќе видиме“, објаснува Рамадани.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
РЕГУЛАТОРОТ ДАДЕ „ИЗИМ“, ПОНУДУВАЧОТ ГИ ИМА ПАРИТЕ, АКЦИОНЕРИТЕ СЕ НА ПОТЕГ - како ќе одлучат другите сопственици на РЖ „Економика“

Семејна фирма на поранешен директор на ТЕЦ Неготино доби земјоделско земјиште од државата под закуп

КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ НАЈМНОГУ ВО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА МЕЃУ ТРАМП И СВЕТОТ – како ќе се одразат овие даноци врз македонската економија

Претседателката на КХВ поднесе оставка на три години пред истек на мандатот! Претежок ли е притисокот од случајот „Македонијатурист“?

БОЈКОТОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА: Од Балканот до некои земји од Европската Унија, високите цени им се преку глава на сите

ЕВЕ КАДЕ ПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Интензивно се работи на воведување

НИ ОБРОК ОД ПЕТ ДОЛАРИ НЕ ПОМОГНА: Падна профитот на најпознатиот ресторан за брза храна

ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ: Владата одлучи да ги субвенционира сметките за струја

ПРИЛИВ НА ПАРИ ОД ГЕРМАНИЈА, ИРСКА, ХОЛАНДИЈА: Oд кои други земји Хрватите испраќаат пари во татковината?
