15 Декември, 2025
0.0367

СЀ ПОМАЛКУ ЛИЦА БАРААТ РАБОТА - невработеноста постојано паѓа, но бројот на вработени осцилира

Објавено во: Економија 14 Март, 2025 07:46

Добивај вести на Viber

Стапките на невработеноста последните месеци и години постојано се во надолна линија. Сепак, останува нејасно дали намалувањето на невработеноста се должи на поголема економска активност, и поголема ангажираност на невработените во работни активности, или пак станува збор за други фактори кои придонесуваат до намалување на бројот на невработените. 

Ако ги погледнеме стапките на вработеност и невработеност во изминативе пет години ќе забележие големи разлики. Па така во 2018 година стапката на невработеност била 20,7 отсто, за да се намали на 17,3 проценти во 2019 година, па на 16,4 отсто во 2020 година. Трендот на намалувње продолжува и следните години и во 2023 година спаднала на 13,1 процент. 

Но, стапката на вработени не расте со исто темпо, а одредени години имаме и нејзино намалување. Иако е очекувано да има флуктации на пазарот на труд со оглед на фактот дека некои луѓе излегуваат од пазарот на труд, односно одлучуваат да не работат одреден период, сепак, зачудува фактот што невработеноста се намалува значително, за разлика од вработеноста, каде нема толку голем раст.

Но, да видиме што покажуваат бројките. Ако во 2018 година стапката на вработени била 45,1 процент. Следната или 2019 година стапката на вработеност достигнала 47,5 отсто, додека во 2020 година останала на исто ниво или 47,5 проценти.

Во 2021 година стапката на вработеност дури благо се намалила, односно спаднала на 47,2 отсто. Во 2022 година стапката на вработеност била 47,3 проценти, додека пак во 2023 година стапката на вработеност се намалила на 45,4 отсто. 

Економистите укажуваат дека причините за падот на невработеноста не се едноставни за дефинирање и потенцираат дека има повеќе фактори кои водат кон нејзиното намалување.

Професорот Марјан Петрески од Американ колеџ укажува дека намалување на невработеноста е во пад подолг период, но потенцира дека иселувњаето не е единствен фактор кој води кон тоа. 

- Невработеноста е однос на бројката на невработени поделена со бројот на вработени плус бројот на невработени. Значи, кога невработени лице се иселува, излегува и од именителот и од броителот на таа дропка, па на крајот добиваме или исто ниво или поромени со некој мал пад. Но, не можеме да кажеме дека само невработените се иселуваат, тоа е гнерална тенденција, без оглед на состојбата на пазарот на трудот. Сепак, главно влијание врз вработеноста и креирањето работни места изврши политиката на отворање фабрики во ТИРЗ-овите и други политики како мерките на Агенцијата за вработување - објаснува Петрески. 

Анализата на Државниот завод за статистика насловена „Месечен статистики извештај“ покажува дека ако во четвртото тромесечие од 2023 година сме имале  687.459 вработени граѓани, и 102.980 невработените. Следната година, или во четвртиот квартал од 2024 година бројот на вработените се искачил на 698.411, додека невработените паднале на 98.322 лица. 

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ во последниот „Макромонитор“ укажаа дека невработеноста во четвртиот квартал од 2024 благо се намали на 11,9 отсто од 12,3 проценти во претходниот квартал. 

- Во овој квартал продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани две илјади нови работни места, а активноста на населението се задржа на 52,5 отсто. Сепак, за разлика од претходниот квартал, креирањето работни места е водено од трговијата со четири илјади, ИТ секторот со пет илјади и финансискиот сектор близу три илјади работни места), а најголема е загубата на работни места во градежништвото со близу четири илјади, иако овој сектор бележи најголем раст на додадената вредност во овој квартал - укажуваат од „Фајненс тинк“.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден