15 Декември, 2025
0.0381

Никој уште не знае колкава е штетата во „Прохор Пчињски“

Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2014 22:52

Добивај вести на Viber

Доцни расчистувањето на отпадот од дворот на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, кој неделава беше зафатен од пожар. Се чека дозвола од српскиот Завод за заштита на природата, бидејќи манастирот се наоѓа во заштитено подрачје, а дури потоа може да започне расчистувањето. Според врањскиот епископ Пахомије, додека не се расчисти она што остана од Кралскиот конак не може да се утврди причинетата штета и да започне обновата. „Веднаш за пожарот ги известивме сите институции, како на локално, така и на републичко ниво. Заводот за заштита на спомениците од културата од Белград дојде меѓу првите, а беа и инспекции од Врање на чело со општинскиот обвинител, кој зеде примероци и се што беше потребно за утврдување на причините за пожарот“, вели епископот Пахомије. Во конакот немало мебел и многу работи, затоа што се уште било во тек неговото реновирање, а од црковните работи изгорел голем крст од 18-от век, кој заради димензиите не можел да стои во црквата. Откако противпожарните екипи успеале да го локализираат пожарот, заедно со верниците и свештенството цела ноќ и цел ден дежурале за целосно да го изгаснат. „Не може ништо да се планира додека комисиите на Заводот за заштита на споменици не го утврдат степенот на оштетувањето и додека не се изработи проект за санација, по кој ќе се планираат и средствата“, вели директорот на Канцеларијата на српската Влада за соработка со црквите и верските заедници Милета Радојевиќ. Засега нема докази дека пожарот бил подметнат, иако во септември 2013-та во дворот на манастирот, во близина на Кралскиот конак избувнал пожар за кој подоцна било утврдено дека е подметнат. Манастирот Св. Прохор Пчињски има огромно историско значење и за Македонија, како локација каде што се одржало Првото заседание на АСНОМ на 2-ри август 1944 година. Веќе неколку години, заради несогласувањата со Српската православна црква, македонска делегација не оди во Св.Прохор Пчињски за Илинден, туку настанот го одбележува во реплика од манастирската сала во која се одржа заседанието, во меморијалниот центар Пелинце.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството