17 Јуни, 2024
0.0261

Никола Димитров до премиерот: Не се оди во ЕУ со продажба на земјиште од 70 денари на близок

Објавено во: Македонија 05 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за надворешни рбаоти Никола Димитров во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека само со тоа што ќе пишува во амандманите при уставните измени нема да биде клучно за продолжување на патот кон ЕУ, туку самото однесување на власта.

При тоа тој го спомена и случајот со фирмата во која сопственички удел има Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, што ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на планирана фотоволтаична централа. Владината одлука за продажба на 1.119 метри квадратни земјиште во радовишкото село Раклиш ја потпишал првиот вицепремиер Артан Груби на владината седница на 14 март годинава, објави Радио Слободна Европа. Според објавата во Службен весник Владата донела одлука за продажба на државно земјиште на „Сол Груп 5“ по пат на непосредна спогодба за дооформување на градежна парцела за која фирмата веќе имала во сопственост 30 проценти. Оваа одлука стапи на сила на 21 март и треба да ја спроведе општината Радовиш. Компанијата имала план да изгради фотоволтаичнa централа со енергетски капацитет од 1,8 мегавати.

- Многу е поважно прашањето како се владее дома, какви се системите, владее ли овде правото, блиски на функционери добиваат државно земјиште за 70 денари, надзорник со одвај завршено средно образование ќе има плата 5.000 евра. Треба тука да се фокусираме и така да држиме темпо. Не може да се држиме само до билатералните прашања, рече Димитров претпладнево во студиото.

Според поранешниот вицепремиер во владата на Зоран Заев, во државата владее хаос во образование, сообраќајот, здравството, а во судството довербата е само 4 отсто. 

- Не може демократијата да носи анархија. Не знаеме ни каде започнува државата, каде започнува партијата. Мора да намалиме колачот партиски, да го зголемиме колачот на граѓанството. 

Нас системот во основа ни остана ист, се загуби наративот од почетоците на 2017, имаме заробеност на сите институции од партиските машинерии и тоа нужно прави неодговорност. Ако не ме бива, ќе ме заштитувате бидејќи сум ваш. Тоа нема да го направи Брисел, мора ние да го направиме, заклучи Димитров.

Според Димитров, неприфатлив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за хрватски модел на уставни измени, бидејќи тоа нема да биде прифатливо ниту за ЕУ ниту за внатрешниот консензус.

- Хрватската преамбула вели дека хрватската држава е национална држава на хрватскиот народ и на малцинствата, но ниедно од овие малцинства не ги негира Хрватите како народ. Ние тука имаме проблем. Второ - деликатно е и задира во нашите меѓуетнички односи дома и видовме какви реакции имаше од неколку албански партии, наведе тој.




Можеби ќе ве интересира

Тошковски - министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии: Еве што предлага Мицкоски

Тошковски - министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии: Еве што предлага Мицкоски

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива