НА ВИЕНЧАНЕЦ МУ ПРЕСЕДНАЛА ВЕЧЕРАТА КОГА МУ СТИГНАЛА СМЕТКАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ - одлучи тоа да го сподели со јавноста

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2024 07:13
Цените во Хрватска експлодираа, а еден Австриец на медиумите им ја приложил и потврдата од ресторанот во Лошињ, обидувајќи се со хумор да го прикрие бесот кога го видел цехот.
Поради инфлацијата, воведувањето на еврото, а веројатно и поради зголемената популарност, Хрватска очигледно стана скапо место на Јадранот.
Мартин од Виена, кој летувал на островот Лошињ, ја објавил сметката за вечера од ресторан и напишал:
- Моментално сме на одмор во Мали Лошињ и излеговме да јадеме риба - напиша тој. За среќа, тој веќе го голтнал последниот залак кога го „послужиле“ со сметката во овој ресторан во близина на пристаништето, која изнесувала 148,75 евра за две лица.
Мартин се обидел да го сфати тоа со хумор:
- Првокласна риба, две порции блитва, еден помфрит, пециво, три Аперол шприца и шише минерална вода за две лица - не можете подобро да се почестите.
На крајот на краиштата, тој и неговата придружничка уживаа во автентичната островска кујна подготвена од регионални состојки, вели тој на својата Фејсбук страница.
Цените во Хрватска вртоглаво растат, што предизвикува бес поради високите сметки во рестораните.
Виенскиот турист се обидел да ја исмее сметката од 148,75 евра за риба, блитва, помфрит, Аперол Шприц и минерална вода, а дури и мештаните се згрозени од високите цени во Хрватска.
BiznisKurir/Heute
Можеби ќе ве интересира
ШВАЈЦАРИЈА МУ Е МАЈКАТА: Богатите Американци отвораат сметки во швајцарските банки

БРИКС ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА ПЛАЌАЊЕ: Планот е слабеење на доминацијата на доларот

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“
