08 Јули, 2024
0.0279

Никола Поповски: сериозни социјални разлики, и зголемување на задолжувањата во 2014!

Објавено во: Економија 06 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Никола Поповски, поранешен министер за финансии за Фактор вели дека, за годинава според веќе донесениот буџет државата и натаму многу ќе се задолжува државата, а можноста за динамичен раст и предвидлива иднина практично и да не постои. ФакторКако ја оценувате 2013 година на еконмски план? Поповски: Минатата 2013 година не ни донесе ништо подобро на економски план. Останаа многу од постојните економски проблеми (висока невработеност и сиромаштија, низок економски раст, малку странски а исплашени домашни инвеститори, големи дефицити во буџетот и трговскиот биланс, раст на задолжувањето на земјава, намалување на животниот стандард) без да видиме јасна стратегија за закрепнување на економијата. Надлежните ниту понудија нешто повеќе од она што по навика го нудат секоја година. Се јавија и проблеми на сериозно продлабочување на социјалните разлики. Економијата практично ни функционира само во корист на државните моќници и сопствениците на крупниот капитал. ФакторКакви се прогнозите за економијата во 2014 година ? Поповски: Слична ќе биде состојбата и во оваа 2014 година. Не постои ниту нова визија, а се чини ниту желба за економски промени. Основните надежи на надлежните и понатаму се насочени кон екстерните факторите за индиректна обнова на македонската економија - надеж за обнова на економиите во ЕУ што би ја повлекле и нашата економија, барање на кредити за изведување на јавни работи или пак некоја странска приватна инвестиција што би ги решила домашните проблеми. Но тоа е јасно дека нема да се случи, а официјална надеж во сопствените сили не постои. Нема веќе надеж ни за напредок во европските интеграции. Јасно е само, согласно донесениот буџет, дека и во 2014 година многу ќе се задолжува државата, а проблемите ќе останат и понатаму. Можноста за динамичен раст и предвидлива иднина практично и да не постои.

Можеби ќе ве интересира

ИНДИЈА САКА ДА ОБЕЗБЕДИ УРАНИУМ ОД РУСИЈА: Дали е на повидок договор?

ИНДИЈА САКА ДА ОБЕЗБЕДИ УРАНИУМ ОД РУСИЈА: Дали е на повидок договор?

СЕ НАМАЛИ ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО: Изборите во Франција „удрија“ по валутата

СЕ НАМАЛИ ВРЕДНОСТА НА ЕВРОТО: Изборите во Франција „удрија“ по валутата

ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата

ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?

НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?

ВОЗАЧИ, ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ: Еве ги новите цени

ВОЗАЧИ, ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ: Еве ги новите цени

ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА НА ЛЕВИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ: Пад на француските берзански индекси

ПО НЕОЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА НА ЛЕВИЦАТА НА ИЗБОРИТЕ: Пад на француските берзански индекси

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ИМ НУДАТ НА РАБОТНИЦИТЕ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Приближно 11 отсто од нив се одлучиле на ваков чекор

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“