06 Октомври, 2024
0.0252

ИНФЛАЦИЈАТА НАДМИНУВА ТРИ ПРОЦЕНТИ - растат цените во повеќе категории, еве каде најмногу

Објавено во: Економија 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Инфлацијата во земајва не попушта. Иако ги немаме стапките како минатата година, сепак, истата не се спушта под два отсто. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуват дека инфлацијата или индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто. Од друга страна, индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,1 проценти. 

Сепак, статистичарите укажуваат дека на месечно ниво, инфлацијата има пониски стапки. 

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 0,3 отсто. Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,2 отсто, комуникации за 0,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто - се нагласува во соопштението.

Притоа е посочено дека во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните групи: здравје за 1,2 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,9 проценти, ресторани и хотели за 0,7 отсто, рекреација и култура за 0,5 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,3 проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2 отсто, облека и обувки за 0,1 проценти.

Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 99.1.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?