ВО ПЕТОК: Поделба на обичните акции на Реплек, на еден ден ќе се стопира и тргувањето на берзата
Објавено во: Економија 08 Јули, 2024 16:24
Во петок оваа недела, ќе се изврши веќе најавениот таканаречен сплит, односно поделба на обичните акции на фармацевтската компанија Реплек.
Компанијата за тоа веќе ја извести јавноста, откако во април беше донесена ваквата одлука. Уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар на хартии од вредност ќе биде заведен во петок и од тие причини на тој ден ќе биде стопирано тргувањето со акциите на оваа компанија на берзата. Компанијата за поделбата на акциите денеска ја извести инвеститорската јавност преку објава на ценовно чувствителна информација на берзата.
Еве ја информацијата од компанијата:
„Ве известуваме дека на Годишното собрание на РЕПЛЕК АД Скопје одржано на 25 април 2024 година беше донесена Одлука за поделба на обичните акциии издадени од Реплек АД Скопје и намалување на номиналниот износ на акциите во сооднос 1:10. Врз основа на член 5 од оваа одлука уписот на поделбата на акциите во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје ќе биде спроведен согласно состојбата на акционерската книга на 12 јули 2024 година, по спроведено порамнување на берзанските трансакции. За целите на успешно спроведување на наведената Одлука, по извршени консултации и добиени насоки од Комисијата за хартии од вредност и Централниот депозитар за хартии од вредност, Ве известуваме дека на ден 12 јули 2024 година времено ќе биде стопирано тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонската берза АД Скопје и истото ќе продолжи на 15.07.2024 година, се вели во објавата.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




