Николиќ: Ако го признаеме Косово, во Србија ќе има граѓанска војна
Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2015 10:39
„Србија се стреми кон членство во Европската унија „ЕУ“, но ние никогаш нема да ја признаеме независноста на Косово“.
Тоа го изјавил српскиот претседател Томислав Николиќ за време на посетата на Берлин. Според него „многу наскоро Европа ќе ги открие сите карти“.
По сите пофалби за извршените реформи од владата сега Србија е вратена години наназад во однос на ЕУ, додал уште тој.
„Во Србија ќе експлодира граѓанска војна и во тоа сум апсолутно убеден, ако го признаеме Косово“, изјавил Томислав Николиќ.
Потсетуваме дека во изминатите неколку дена во српските медиуми се пропагандираат информациите дека Германија и Велика Британија го поставуваат како услов признавањето на Косово од страна на Белград пред почетокот на претпристапните преговори за членство во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




