Добивај вести на Viber
Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека цената на становите за продажба што ги гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор во Битола ќе биде помала од комерцијалната.
„На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени. 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен, 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен, 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен“,објави министерот на социјалните мрежи.
Министерот додаде дека очекува исти или слични активности и во други општини во периодот што следи.
„Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!“,дополни Николоски.