20 Јануари, 2025
0.3630

Се крчка „чорба“ во Македонијатурист! Ќе го вратат ли новите акционери прочуениот деликатес во легендарниот хотел „Бристол“?

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Откако секој од големата акционерска четворка во „Македонијатурист“ ги исфрли своите предлози за нови членови на Надзорен одбор повеќе од извесно е дека Доне Таневски по неколку децении заминува од најголемата хотелиерска компанија во Македонија. Заминува побогат за 20 милиони евра од продадените акции и тоа по цена што другите само можеа да ја сонуваат. Но заминува и со отворена постапка што ја води регулаторот КХВ по пријава на мали акционери кои декларираат дека се оштетени од Таневски. При тоа тие потврдуваат дека во периодот кога „Македонијатурист“ објави дека не поседува ценовно-чувствителна информација Таневски, според истите тие акционери, преговарал за цената на акцијата со некои од сегашните акционери во компанијата.

И веќе со објавата на предлозите се гледаат разлики меѓу големите четири акционери. Притоа најголемиот акционер е најодмерен и предлага само еден член на четиричлениот Надзорен одбор. И тој само како надворешен член. А секој од другите три, помали од него, акционери предлага по четири членови за Надзорниот одбор иако се свесни дека тоа не може да помине. Меѓу кандидатите за членови на новиот Надзорен има специјалисти со најразлични вештини, профили и возрасти од правници и економисти, медицинари, технолог па дури и агроном. Но заедничко за сите 13 предложени кандидати е тоа ниту еден нема искуство во раководење со хотелиерско-угостителскиот бизнис. Веќе на 17 февруари ќе биде појасно дали „Македонијатурист“ ќе го враќа стариот сјај, а ќе добиеме и одговор на прашањето дали во блиска иднина, ќе има кохезија меѓу новите сопственици, односно фигуративно кажано, дали повторно ќе се служи легендарната чорба во веќе заборавениот скопски заштитен знак -хотелот „Бристол“...

Очекуван и најавуван пресврт наскоро ќе се случи во најголемата македонска хотелиерска компанија - „Македонијатурист“. Доне Таневски заминува од таму по повеќе од четири децении во кои речиси имаше целосна доминација во раководењето со таа компанија. Факт е дека ја остава со богат мираз за новите доминанти акционери. А тоа се над 20 милиони евра актива во различни облици по депозити и финансиски вложувања во удели на фондови или хартии од вредност. Што се однесува до трансферот на сопственоста во која Таневски наплати околу 20 милиони евра за неговите акции, последниот збор не го кажал регулаторот КХВ кој има отворена постапка токму за трансферот врз сопственоста на акциите.

Додека КХВ истражува, најголемиот поединечен акционер „Скопски пазар“ како и секој совесен приватен бизнис го направи првиот чекор чекор за да ја направи неопходната промена и свика вонредно акционерско собрание. Станува збор за промена на членови во Надзорниот одбор кој брои четири члена. При тоа „Скопски пазар“ предлага само еден член и тој како надворешен. Предлогот е познато име од македонскиот политички живот, Марјан Ѓорчев. Искусен економист, поранешен градоначалник на најголемата скопска општина Кисела Вода, лице со долгогодишно политичко искуство како член и потпретседател, пратеник и министер на ВМРО ДПМНЕ.

Инвеститорската јавност можеби е изненадена од изборот на Ѓорчев за предлог во Надзорниот одбор, но во секој случај го проценува потегот како одмерен и објективен. Па гестот на „Скопски пазар“ изгледа како подавање рака за идна соработка со другите три големи акционери. Затоа што преку својот потег праќа порака секој од четирите големи акционери да номинира по еден член во Надзорниот одбор.

Претходно трите акционери предложија по четири члена за четиричлениот Надзорен одбор. Еве ги предлозите на акционерот „Чеза Комерц“ кој поседува 6,2 отсто. Тука заради целосно и обејктивно информирање на јавноста мора да наведеме дека и акционерот Симеон Павлов кој поседува 10,5 отсто е еден од сопствениците на „Чеза комерц“.

Предлозите на „Чеза Комерц“ се: Олга Павлова, менаџер за продажба во „Чеза Комерц“, со имресивно образование кое се состои во диплома на менаџмет и меѓународна економија на Универзитет во Италија и постипломски студии по менаџмет во Лозана Швајцарија. Потоа Наумче Стојковски, вработен во осигурителна компанија на позиција менаџер за осигурување имот и транспорт, дипломиран агроном. Гордана Тодорова прехранбен технолог со големо работно искуство со последно работно место во „Европа“ Скопје. За независен член е предложен Горан Марковски, главен извршен директор на КБ Публикум друштво што управува со шест инвестициски фондови со актива поголема од 100 милиони евра, според најновата објавена нето вредност на сите шест отворени фондови. Инвесторската заедница Марковски го препознава и како прв македонски портфолио менаџер со реномираниот сертификат CFA за финансиски аналитичар.

Како што веќе објавивме, а текстот е достапен на следниот линк https://faktor.mk/kje-se-bie-teshka-bitka-za-nadzorniot-odbor-na-makedonijaturist---ova-se-iminjata-predlozeni-od-mg-feshn-i-promedika-a-svoi-lugje-bara-i-skopski-pazar

„МГ Фешн“ која поседува 11,26 отсто од акциите во „Македонијатурист“ предлага четири члена за Надзорниот одбор. И тоа: Леонид Антиќ, актуелен оперативен директор на Гранд Скопје МГ Фешн, па Костадин Саздовски, кој е оперативен менаџер во МГ Фешн, Сашо Данаиловски, кој е комерцијален директор во Ривер Девелопмент Скопје, а бил управител во „Балфин.Мк“. Предлог на акционерот „МГ Фешн“ е и Стефан Спировски, дипломиран на Економскиот факултет на УКИМ во Скопје.

Предлози на „Промедика„ , која поседува 11,9 отсто од акциите во „Македонијатурист“ се: Сашко Бошков, адвокат од Штип, Маја Николовска генерален директор на веледрогеријата „Промедика“, за независен член на Надзорниот одбор се предлага Горазд Поповски, директор на сектор за правни работи во Стопанска банка Скопје. Четвртиот предлог за член е Димитар Лузевски, раководител на сектор „Медицина“ во „Промедика“ и косопственик.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови

ГО ПРАШАА МАСК КАКО УСПЕВА ДА ВОДИ ШЕСТ КОМПАНИИ ОДЕДНАШ: Одговори со неколку зборови

ВО ОВАА ЗЕМЈА СТАНУВА НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ КУПИ СТАН: Квадратен метар оди и до 2.000 евра

ВО ОВАА ЗЕМЈА СТАНУВА НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ КУПИ СТАН: Квадратен метар оди и до 2.000 евра

СВЕТСКА БАНКА ЗАГРИЖЕНА: Можна ескалација на трговските тензии меѓу големите економии во 2025 година.

СВЕТСКА БАНКА ЗАГРИЖЕНА: Можна ескалација на трговските тензии меѓу големите економии во 2025 година.

РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА - под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно

РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА - под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година

КИНА ВЕЌЕ НЕ Е ГЕРМАНСКИОТ НАЈГОЛЕМ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР - оваа земја ја замени минатата година