05 Декември, 2025
0.0409

Еве и официјално: Комерцијална банка ќе подели дивиденда! Колкава ќе биде?

Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2025 09:19

Добивај вести на Viber

Речиси е извесно дека дивидендата, во годината во која Комерцијална банка има историски најдобри резултати, ќе биде повисока од тоа што акционерите го добија за 2023 година и изнесуваше 15 евра во бруто износ. Годинава за првите три квартали Комерцијална банка има неоданочена добивка која е двојно повисока од оданочениот профит за 2023 година. Затоа никого не треба да го чуди тоа што берзанската цена на таа акција е на историски рекордно ниво

Комерцијална банка најдоцна до 28 февруари ќе го објави износот на дивиденда што ќе ја подели од добивката во рекордната 2024 година на своите акционери. Ова е веќе официјална вест, потврдена од Комерцијална банка со објавата на „Календарот на настани во 2025 година“ што е достапен на веб страницата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/document/70836

Во таа објава кај ставката Други корпоративни настани во зграда е објаснето дека станува збор за цитираме „Собрание на акционери, исплата на дивиденда, и.т.н“. А при тоа е објавено дека повикот за наредното редовно Собрание ќе биде објавен на платформата СЕИ НЕТ во периодот меѓу 24 и 28 февруари годинава.

Од овој контекст на дадената информација може да се заклучи дека дивиденда сигурно ќе има, а најдоцна до 28 февруари ќе биде познато и официјално колкав ќе биде нејзниот износ. А секако таа информација најмногу ги интересира инвеститорите во нашата инвеститорска заедница.

За да се оформи целосно контекстот на значењето на погоре анализираната  информација мора да се наведе дека ова лето во интервјуто кое го даде Хари Костов, претседател на Управниот одбор и главен извршен директор на Комерцијална банка, кажа дека ова ќе биде најдобра година досега на најголемата банка во Македонија. И токму заради тоа и може да се очекува најголем до сега износ на дивиденда што банката ќе ја исплати на сите свои акционери.

И тука вреди да се потсети дека копроративната политика на Комерцијална банка декларира дека секогаш кога дозволуваат условите таа банка е подготвена да исплати во дивиденда до 72 отсто од нејзината добивка.

Тргувањето на берзата и досега отворено покажува високо изразен оптимизам и доверба на инвеститорите во акцијата на Комерцијална банка. Затоа што нејзината пазарна цена за прв пат во нашата корпоративна историја ја проби психолошката граница од 30.000 денари за една акција.

Ако дивидендата, која и официјално ќе се знае најдоцна за 38 дена, биде најголема досега, тоа само ќе биде причина плус таа акција, во песимистичко сценарио, да остане над границата од 30.000 денари за акција.

Според најновите актуелни податоци што ги објави таа банка, а се однесуваат за периодот јануари-септември 2024 година, Комерцијална банка за тој период има историски рекордна добивка (пред оданочување) од речиси 72 милиони евра. А тоа е за 46 отсто подобар резултат од  истиот период во 2023 година.

Всушност неоданочената добивка на оваа банка за три квартали во 2024 година е двојно повисока од профитот по оданочување што таа банка го пријави во 2023 година.

Така што, повеќе од сигурно е дека дивидендата што ја дели Комерцијална банка ќе биде повисока од тоа што го добија акционерите од добивката во 2023 година.

Вреди да се истакне и тоа што Комерцијална банка заедно со „Алкалоид“ и „Макпетрол“ се единствени од успешните компании, чии акции котираат на берзата, чија дивиденда во огромен износ завршува кај домашни акционери – физички лица и не оди во странство.

Н.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката