Николовски: Признание за скандалот со храната не е доволно, одговорност мора да има!
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 12:02
Скандалот со безбедноста на храната, што со месеци се криел од јавноста, го потврдија директно заменик министерот Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски, изјави на денешната прес конференција дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски.
Тој вели дека овие функционери вчера признале дека минатата година од 2 мај до 17 септември не се вршеле мониторинг програмите предвидени со Законот за безбедност на храната, и дека АХВ нема склучено договори со Ветеринарниот факултет, Институтот за јавно здравје и Фитосанитарната лабораторија..
„Во овие 5 месеци никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали домати со пестициди, спанаќ со тешки метали, млеко од бруцелозен добиток или имало можно присуство на ГМО храна. Катастрофална негрижа за бебзедноста на храната и здравјето на граѓаните.
Никој не бил поштеден. Не се испитувала ниту храна за доенчиња, храна за медицински цели, ниту лесно расипливите продукти бидејќи токму мониторинг програмите предвидуваат испитувања на овие производи во летните месеци“, обвини Николовски од СДСМ.
Тој вели дека контролата на храната за која се правда министертвото е само дел од овие мониторинг програми но без земање примероци и вршење на анализи, не може да се знае состојбата со безбедноста на храната.
Законот за безбедност на храна е дециден, членот 86 дефинира дека “Активностите поврзани со официјалните контроли се извршуваат со користење на соодветни контролни методи и техники како што се мониторинг, надзор, верификација, аудит, инспекција, земање на примероци и вршење на анализи“.
Николовски посочува дека овој скандал мора да се расчисти и за истиот бара да има одговорност.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




