15 Декември, 2025
0.1022

Николовски: Првиот договор што го потпишал Трипуновски како министер е за земјиште за ќерката на Стоилев

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2025 12:51

Добивај вести на Viber

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24, рече дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Цветан Трипуновски е за доделување земјоделско земјиште на ќерката на  директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев.

„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министар, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор - тоа  е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски. 

Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана, за што како што кажа Николовски постојано алармирал.  

„И од собраниската говорница укажува дека има политичка тортура, дека има партизација во Платежната агенцијата, дека нема комуникација со Брисел,  дека директорот не оди на важните состаноци, дека се чуваат предмети во фиока, дека има неажурност. Скандалот со ИПАРД е пред се личен, заради тоа што директорот на Платежната агенцијата е фатен во овој мегакорупциски скандал“, рече Николовски.

Во интервјуто, Николовски посочи дека скандалот со ИПАРД со кој под суспензија се 130 милиони евра - пари кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните  инвестиции, е дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа година и пол нема ниту една реформа, ниту нова мерка за овој сектор. 

„Трипуновски нема да остане запаметен по ниту една реформа, туку  по безидејноста, по неспособноста, по ниту една мерка. Бевме прогласени за лидери  во делот на искористеност на европските фондови, и уште повеќе најдобри споредено со сите земји кои што ги користат овие средства, за да сега, за жал, се вратиме повторно назад и да ни се случи суспендирање на ИПАРД програмата“, рече Николовски.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро