Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица
Објавено во: Економија 11 Декември, 2025 12:42
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на општина Струмица каде што присуствува на Свечената седница на Општината по повод Денот на заштитниците на Струмица - Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
При средбата со градоначалникот тој истакна дека ЈП за државни патишта веќе го заврши проектот за една траса за експресниот пат кој поврзува Коридор 10 и Коридор Струмца во Бугарија, односно делот од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија.
Министерот исто така кажа дека 14 инфраструктурни проекти се предвидени за општина Струмица со подршка на Владата, а најави и нови проекти за општината.
- Би сакал да го честитам овој голем празник Денот на градот Струмица, да посакам многу здравје, среќа, бериќет, успех. Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација, веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата и она што го ветивме е поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија. Проектот за едната траса ЈПДП веќе го заврши, а за втората траса е во напредна фаза и сериозно работиме на изнаоѓање на финансирање, изјави Николоски.
Посочи дека се работи на две поголеми улици, има уште десет кој што се во постапка за избор на изведувач и уште два проекта коишто се преку Министерството за животна средина.
- Има 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи подршката на Владата, мојата лична подршка и на премиерот да работиме на нови проекти во перидото кој што следи. Ние со градоначалникот сме во комуникација, ќе имаме посериозен работен состанок и ќе утврдиме приортети за пеиродот што доаѓа, изјави вицепремиерот Александар Николоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија
ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист




