26 Април, 2024
0.0307

Нишлијата кој го продаде стартапот за 165 милиони евра открива како да го разработите бизнисот

Објавено во: Финансии 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Никола Божиновиќ е основачот и извршен директор на компанијата Frame enterprise cloud платформата, која пред неколку дена е продадена за дури 165 милиони долари на американската софтверска cloud компанија „Nutanix“.


Кога од бизлајф.рс. го запрашале за некој совет за бизнис, тој одговорил:

„Овде е присутен стравот од неуспех. Ние тоа го имаме како некоја карактеристика на работа, работа на „сигурност“. Нешто од типот: „што да пробам кога може да пропадне“. Овде (во САД) и неуспехот се почитува и некогаш дури и се слави, додека постоел максимален труд и чесен пристап на работа. Некои од најголемите лекции доаѓаат од неуспех, но е потребна и здрава доза на рефлексија (анализи што всушност се случило).

Можеби најважна разлика меѓу Србија и САД е во тоа што во Америка многу луѓе ќе ви помогнат без очекување да имаат било каква корист од тоа. Тоа овде се нарекува “pay it forward” принцип и е еден од основните принципи на функционирање на овој систем. Јас од Србија заминав пред 18 години, но ми се чини дека често владее принципот „а каде сум јас тука“. Работата се гледа како шанса да се „вгради процент“ што би рекол Рамбо Амадеус. Наместо во развој на производот и бизнис, многу време се поминува на кафе, ручеци и вечери каде се бара контакт со „влијателни“ играчи. И потоа многу луѓе чекаат да „забодат“ некој „deal“ на животот, наместо да градат бизнис низ брза интеграција и јасна метрика. Во Силициумската долина тоа генерално го нема. Секој е посветен на развој на некоја реална идеја, која навистина создава вредност. Јас би сакал Frame да постави стандарди за тоа како работите можат да се направат на вистински начин. Моја лична цел е да пренесам колку е можно тој дух во Србија, пред се на младата генерација која е отворена да го промени својот начин на размислување и побрзо да ја покрене земјата напред.

Кога се промени таа култура на работа за која сега зборував, работите ќе дојдат сами од себе. Кога сите луѓе ќе сфатат дека не е најдобар бизнис да чекаат на државна работа по партиска линија, или да се збогатат на некој проект кој е матен ....Сите кои работат било што со странство, дури и наједноставни работи преку Интернет за почеток, ќе имаат најголем бенефит и допирот со таа нивна култура. Голем проблем е заминувањето на младите од Србија, но и од соседните земји. Знам дека за тоа доста се зборува и дека има добра волја тоа да се реши, но засега нема никакви значајни промени на тој тренд. Ние тоа сакаме да го промениме, и од светот да ги доведеме луѓето во Србија, пред се, прво оние од наше потекло, но и вистински странци“.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот