НИШТО НЕ ВИДОА ОД ПОКАЧЕНАТА ПЛАТА: Стотина вработени во ИЈЗ се уште ја чекаат платата за март
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2020
-Од
февруари повисоки плати ќе добијат специјалистите, наставниот кадар, општите
лекари, медицинските лекари, здравствените соработници и помошно-техничкиот
персонал. Ова беше најавата на
министерот за здравство Венко Филипче уште на почетокот на годинава, дека
платите на лекарите специјалисти ќе достигнат и 100.000 денари, но и покрај тоа
што изминува втората половина на мај, повеќе од стотина вработени во Институтот
за јавно здравје, се уште немаат земено плата ниту за март.
Извори на Фактор велат дека проблемот не е во тоа што нема пари за исплата на платите, туку проблемот е во систематизацијата во Институтот за јавно здравје. Ако податоците не се совпаѓаат со т.н. систем ХРМИС, кој е во надлежност на Министерството за информатичко општество, тогаш не може да се исплати месечниот приход на ниту еден вработен.
За ова, реакции имаше и во април, а тогаш министерот Филипче беше дециден дека сериозниот проблем со платите на епидемиолозите и останатите вработени во Институтот за јавно здравје, ќе биде решен за неколку дена.
-Во ИЈЗ со години наназад постои колективен договор за кој забелешки имаше Државниот завод за ревизија. Ние интензивно работевме изминатите неколку месеци, работиме и сега, имаме некакво финално решение и верувам дека тоа ќе биде усогласено. Работевме и со Фондот за здравствено осигурување и со правната служба во Министерството, така што верувам дека овој проблем за неколку дена ќе биде решен“, истакна Филипче на прес-конференцијата на 27. април.
Инаку, медицинскиот персонал, лекарите, епидемиолозите, во сиот овој период на епидемијата на корона вирусот се меѓу останатите кои се во првите редови на борбата за сузбивање на епидемијата. Работат во три смени, одат по терени, прават стотици брзи тестови за корона вирусот. Се, додека не се реши проблемот, стотина вработени во Институтот за јавно здравје остануваат без приходи.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.