03 Мај, 2024
0.0269

Ниту во вториот квартал нема сигнали дека ќе се оствари проектираниот економски раст

Објавено во: Економија 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Според последните расположливи податоци, на седницата беше констатирано дека најголем дел од показателите, клучни за монетарната политика, се во рамки на очекувањата. Извесни отстапувања се забележуваат во делот на економската активност, каде што првичните податоци за БДП во првиот квартал на 2018 година упатуваат на минимален раст, што е под проектираното движење, како одраз на послабиот раст на приватната потрошувачка и поголемиот пад на инвестициите, констатира Народна банка на РМ на последната седница.

Ваквите отстапувања создаваат и надолни ризици за проектираниот раст за целата 2018 година од 3,2%. Расположливите податоци за вториот квартал не се многубројни и воедно се дивергентни, но главно упатуваат на нешто поповолна состојба во економијата во споредба со првиот квартал. На ваква констатација упатува прометот во трговијата, чијшто раст е нешто посилен во однос на првиот квартал, значителното забавување на падот на вредноста на извршените градежни работи, како и подобрувањето на показателот за економската доверба.

Остварувањата кај надворешнотрговската размена за април и мај упатуваат на можност за нешто понизок трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје на 2018 година. 

Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за јуни покажуваат натамошно месечно зголемување и на депозитите и на кредитната активност. Месечното зголемување на вкупните депозити во најголем дел е резултат на повисоките депозити на претпријатијата, при позитивен, но релативно помал придонес на депозитите на домаќинствата. 

Во однос на кредитниот пазар, зголемената кредитна активност во јуни речиси подеднакво произлегува од кредитите одобрени на домаќинствата и на претпријатијата. Депозитните и кредитните текови во периодот април - јуни се повисоки од проектираните за второто тримесечје на 2018 година, упатувајќи на натфрлање на проекцијата за овој период.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски