19 Мај, 2024
0.0279

НИВОТО НА ВАКЦИНАЦИЈА НЕ ДОВОЛНО ЗА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА МЕРКИТЕ: Министерот Сали ја прими бустер дозата

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Беким Сали, кој денеска ја прими засилувачката доза на вакцината против корона вирусот на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скоје, изјави дека и во иднина здравствените политики ќе бидат насочени кон промоција на вакцинацијата.

-Оттука сакам да упатам еден апел пред се бидејќи нашата држава, нашиот народ има потреба од стимулација на вакцинирањето. Досегашното ниво, досегашниот процент на опфатот на вакцинација против ковид-19 не е доволен да кажеме дека сме една од државите која треба да пристапи кон либерализација на мерките против корона вирусот, рече министерот Сали.

Во однос на тоа како да веруваат граѓаните на вакцините кога секојдневно слушаат дека една третина од починатите се токму вакцинирани, кога нема доволно информации во однос на тоа дали починале директно како последица од ковид или пак биле позитивни на вирусот но починале од друга сериозна здравствена состојба, министерот Сали рече дека во прашање е воспоставената методологијата на известувањето.

-Од почетокот на пандемијата во Македонија секое лице кое е позитивно на вирусот е регистрирано дека е починато со ковид иако тоа по автоматизам не значи дека последиците биле од ковид. Затоа и во регионот најверојатно сме од државите кои имаат поголем број починати, но не сме здравствен систем кој не ги згрижил тие пациенти, Во другите држави методологијата е поинаква, имаат подруг пристап, па затоа не треба да не збунува зошто кај нас има 8.000 починати а во околните држави само по 2-3 илјади, рече Сали.

А.Б.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места