18 Јануари, 2025
0.0395

Њујоршкиот суд ги одби жалбите во случајот Телеком, процесот ќе трае до 2015 година

Објавено во: Мои пари 07 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Јужниот окружен суд во Њујорк го објави планот за судењето во процесот против тројцата менаџери на унгарскиот Маѓар Телеком обвинети за потплатување на македонските власти. Предвидено е процесот да започне на 1 октомври, а изнесувањето на доказите да трае до 31 јануари 2015 година.

Експертските мислења и извештаи ќе може да се изнесуваат до крајот на мај 2015 година. Судијата Ричард Саливан, кој го води процесот против менаџерите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи реши процесот да се води пред порота.

Претходно, судијата ја одби и втората жалба на адвокатите на тројцата обвинети, кои со судска процедура на поднесување жалба за текот на судењето сакаа повторно да го избегнат процесот против Штрауб, Балог и Морваи.

Адвокатите на тројцата менаџери се повикале на друг судски процес, кој се води пред истиот суд, во кој судот се нашол за ненадлежен во случај на лице обвинето за коруптивни дејства во странство. Но, според судијата Саливен, во случајот на македонскиот Телеком, тројцата унгарски менаџери се обвинети дека се обиделе да ги измамат и американските власти, и поради тоа останува првичната одлука на судот дека е надлежен да продолжи со процесот.

- Обвинетите во случајот против Штрауб и другите организирале коруптивна шема насочена кон македонската Влада и притоа потпишале лажно наведувачки документи пред ревизорите на нивната компанија, како и лажни поднесоци до американската Комисија за хартии од вредност, пишува во меморандумот подготвен од судијата Саливан во понеделникот.

Тројцата менаџери се обвинети дека во 2005 година им дале мито на политичари од Владата на Република Македонија, за да го попречат отворањето на македонскиот телекомуникациски пазар за конкуренција, со што се обезбедила доминантната положба на Македонски Телекомуникации и се овозможил екстра профит на оваа компанија преку повисоки цени.

Случајот се води во САД поради тоа што Маѓар Телеком котира на њујоршката берза и мора да поднесе извештај до американската Комисија за хартии од вредност, при што секое криминално дејство може да се смета како обид за мамење и на американските инвеститори во компанијата.

Во обид да најдат судски преседан со кој ќе докажат дека не се обиделе да нанесат штета на американски граѓани, адвокатите на тројцата обвинети дури се повикале на судски процеси поврзани со терористичките напади на 11 септември, но судот повторно ги одбил нивните аргументи и се очекува судењето да продолжи наесен.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение