19 Јануари, 2025
0.0304

НЛБ месец на штедење

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Почетокот на НЛБ месецот на штедење НЛБ Тутунска банка го означи со организација на НЛБ Ден на тема штедење. На овој ден сите банки членки на НЛБ Групацијата заеднички настапија со организирани промотивни активности. Со НЛБ денот во НЛБ Тутунска банка започна месецот на штедење. НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката. На НЛБ денот учествуваа деца од различни основни училишта, за кои беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема штедење со претстава, квиз, делење подароци и цртање. Собраните цртежи ќе учествуваат на завршната голема изложба на Банката на крајот на месецот на штедење. Во текот на НЛБ месецот на штедење во периодот од 25.09.2013 до 25.10.2013 ќе бидат организирани 2типа на активности: -       Собирање на цртежи или пишани творби на тема штедење - Сите клиенти ќе имаат можност да нацртаат цртеж или да напишат творба (совети за штедење, слогани и стихотворби) на тема штедење. Цртежите и пишаните творби ќе може самите да ги постават на посебна веб страна за таа намена: http://stedenje.nlbtb.com.mk или да ги донесат во било која експозитура на Банката. -       Замена на стари касички со нови – Сите клиенти кои имаат било каква касичка ќе имаат можност да ја заменат со нова, а старите касички ќе учествуваат во големата изложба на Банката. По завршување на НЛБ месецот на штедење ќе биде организирана голема изложба на сите цртежи, пишани творби и касички кои ќе бидат собрани во текот на кампањата. Најдобрите  цртежи / пишани творби кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страната http://stedenje.nlbtb.com.mk и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парична награда.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ