Добивај вести на Viber
За надминување на проблемот со бучавата Oпштина Центар од утре започнува со акција.
Преземањето на оваа акција е на барање на граѓаните кои се жалеа на бучава од околните ноќни клубови, кафулиња и кафеани.
Согласно законите кои ја регулираат оваа област, инспекциските служби на Општината ќе излезат на терен и ќе ја мерат бучавата, по што ќе бидат преземени соодветни активности.
Службите ќе постапуваат и по претставки од граѓаните, кои можат своите забелешки да ги јават во текот на работното време, од 08:00 до 16:00 часот, на телефонските броеви: 070 359 784 (Костадин Дуковски), 071 377 819 (Михајло Аритоновки) и 076 313 390 (Душан Велиновки).
Сепак од Центар напоменуваат дека секоја злоупотреба со пријавување на непостоечки проблем е на трошок на граѓанинот.
Општина Центар сака да ги извести граѓаните дека многу поплаки во Општината пристигнуваат поради бучавата од дискотеките во Градскиот Парк. Сакаме да појасниме дека за бучавата и за се што ќе биде забележано во и околу овие дискотеки, е во надлежност на општина Карпош.