07 Декември, 2025
0.0906

„Ноќните волци“ на Путин стигнаа во Охрид

Објавено во: Стил 03 Јули, 2018 13:41

Добивај вести на Viber

Фото: Нова Македонија

Моторџиите „Ноќни волци“, инаку блиски со рускиот претседател Владимир Путин, пристигнаа во охрид како дел од рутата која секоја година оваа време ја реализираат во етапи низ дваесетина европски земји. 

Тие заедно со членови на збратимените мотоциклистички клубови од повеќе словенски држави во рамки на настанот наречен „Словенски свет“ денеска пристигнаа во Охрид, каде на почесниот амбасадор на Руската Федерација во Македонија Велимир Стојковски му подарија икона што ја донесоа од Русија.

– По патиштата сме од 20 јуни, тргнавме од Русија и преку Белорусија, Полска, Словачка, Унгарија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија дојдовме тука во Македонија. Многу не интересира словенската култура и токму приближувањето на нашите култури, како и дружењето со колеги од сите словенски држави е целта на оваа наша посета тука – рече Евгениј Строгов, член на мото-клубот „Ноќни волци“.

Фокусот на годинешната посета на „бајкерите“ на Македонија ќе биде Битола, каде ќе посетат повеќе културно-историски локации значајни за руската култура и традиција. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: