17 Мај, 2024
0.0422

Норвешка-првата земја која ќе ги забрани бензинските и дизел автомобили

Објавено во: Свет 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Норвешка се претвора во првата земја во светот која ќе ги забрани автомобилите со бензински и дизел мотори - од 2025 година во скандинавското кралство ќе се продаваат само електрични автомобили, соопштува австрискиот весник „Die Tiroler Tageszeitung“.

Истовремено властите предвидуваат масовно проширување на патеките за велосипедисти и едрата за јавниот транспорт.

Претстои „преодниот рок“, кој го опфаќа периодот 2018-2029 година, да го добие официјалното одобрение од парламентот во Осло.

Долгорочниот концепт на Владата е до 2050 година по автопатите во Норвешка да се движат возила, кои нема да користат нафта - нешто што може да се смета како последица од преземаните во декември во Париз обврски за борба против климатските промени.

Нордиската земја која е меѓу најголемите производители на нафта, ќе инвестира сериозна сума за проширување на патиштата за велосипедизам - околу една милијарда евра ќе бидат потрошени за да биде можно поврзување на вкупно девет градови во земјата со велосипедски автопати.

Продажбата на електрични управувани возила во Норвешка ќе биде стимулирана со дотации од Владата во износ од 420 милиони евра годишно. Успехот на иницијативата е охрабрувачки: во 2014 година во земјата со помалку од 5 милиони население се купени 18 000 електрични автомобили.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра