20 Декември, 2025
0.0518

Нов далновод пушти МЕПСО за сигурно снабдување на Битола

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 14:42

Добивај вести на Viber

Денеска  А.Д. МЕПСО пушти под напон нов 110 киловолтен систем, инвестиција вредна 300.000 евра со која двојно ја зголемува сигурноста во снабдувањето на трансфоматорската станица „Битола 3“, што е главен снабдувач на електрична енергија на градот Битола.

Системот ги поврзува трансформаторските станици „Битола 2“ и „Битола 3“ со што обезбеди двосистемско далноводно поврзување и создаде двојна врска меѓу двете најважни трансформаторски станици во битолскиот регион.

- Реализацијата на овој проект ги обезбедува сите предуслови за посигурно снабдување со електрична енергија на жителите и стопанските субјекти во Битола и околните населени места во претстојната грејна сезона, се вели во соопштението на МЕПСО.

Со втората 110 киловолтна врска ќе сведуваат на минимум ризиците од испади и безнапонска состојба во електроенергетскиот систем во битолскиот регион. Новиот систем е поставен на постоечкиот далновод во должина од 13 километри, а за негово поврзување А.Д.МЕПСО изгради две далноводни полиња, по едно во двете трансформаторски станици, и инсталираше нова примарна и секундарна опрема за ставање под напон на новиот 110 киловолтен систем.

На овој далновод ќе се поврзе и новиот двосистемски вод што ќе ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“, тековна инвестиција во која МЕПСО вложува околу 2,5 милиони евра. Со нејзината реализација ќе се овозможи максимална доверливост на системот и сигурност во снабдувањето со електрична енергија затоа што во прстен ќе бидат поврзани сите трансформаторски станици во битолскиот регион.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии