01 Мај, 2024
0.2269

Нов едукативен проект, прв во Западан Балкан, како мост за влез на државен дуален универзитет од Германија

Објавено во: Македонија 18 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф, во функција на заменик-амбасадор и раководител на економскиот оддел, го прими вчера на официјална средба претставникот на управата во Хајделберг Институтот за бизнис и менаџмент во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски. На состанокот, како штоинформираат,  бил претставен новиот проект за германски додипломски и специјалистички студии по примерот на државните дуални универзитети во Германија, под брендот „ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“.

Ова е прв пат, во земјите од Западен Балкан да се основа една германска високообразовна установа за додипломски и специјалистички последипломски студии во областите на: податоци и компјутерски науки, банкарство, осигурување и контролинг.

„Покрај сите потешкотии во изминативе години, денес, беше речено на состанокот дека е вистинско време да се направи еден мост, преку институцијата на Хајделберг во Скопје, која постои повеќе од 4 години, за внес на државниот дуален универзитет од Манхајм.“ - изјави проф. д-р Наумоски. 

За таа цел, Граф истакна дека Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, активно ќе ја поддржува секоја иницијатива за подобрување на македонскиот образовен систем, особено кога ќе се врши трансфер на знаење и практики од најдобрите универзитети / школи во Хајделберг, Манхајм и Франкфурт.

Од страна на проф. д-р Наумоски, Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје беше информирана за формирањето на работна група, преку која, на крајот на минатата година се започна со процесот на имплементација на германските дуални студии, тука во Скопје. На таквите средби, како што додаде д-р Наумоски, биле активно вклучени сите претставници на управата од Хајделебрг Институтот во Скопје, а под менторство на д-р Бриџит Спилман, како и високи претставници на Државниот дуален универзитет од Манхајм, меѓу кој, и ректорот на универзитетот, проф. д-р Наглер.

На крајот од март, како што беше подвлечено на состанокот, ќе биде договорена трилатерална средба, помеѓу Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Делегација на германското стопанство Северна Македонија – АХК и претставници на Хајделберг Институтот во Скопје, со цел - заедничка и позасилена соработка при имплементација на проектите во високото образование. Исто така, на почетокот на мај, 2022 година, работната група од Манхајм, заедно со претставниците на управата од Хајделберг и Франкфурт ќе бидат во официјална посета на Скопје и ќе извршат комплетна евалуација на процесите, а во насока на здобивање со германската акредитација. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија