НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД: Најсјаен град на светот е Канбера
Објавено во: Стил 28 Ноември, 2014 19:47
Спектакуларната светлосна инсталација која во австралиската престолнина, Канбера, е поставена по повод божиќните празници и истата ги собори сите рекорди.
Близу 1,2 милиони ЛЕД лампиони закачен на 120 километри кабли се обликувани во три меѓусебно поврзани џиновски божиќни подароци.
Гинисовата книга на рекорди потврди дека станува збор за досега најголемата светлосна инсталација на светот.
Луксузната инсталација е плод на повеќемесечно планирање на австралискиот адвокат Дејвид Ричардс и тим на волонтери кои ги сочинуваа архитекти, инжинери, градежни компании и инжиниери за звук.
Претходниот рекорд го држела светлосната инсталација од 181.540 сијалици поставена во узбекистанскиот град Шуртан.
Ричардс минатата година го урна рекордот на најголемата куќна светлосна декорација, така што во својата вила во предградието на Канбера ја украсил со 502.165 сијалички.
„Божиќните светилки го внесуваат духот на слава“, изјавил Ричардс за Би-Би-Си.
„Ја украсуваме нашата куќа веќе со години и луѓето доаѓаат од сите краеви да ги видат светилките“, додава тој.
Парите кои бидат соберени во текот на траењето на инсталациите ќе бидат наменети за локалната хуманитарна организација која им помага на семејствата кои ги изгубиле децата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:







