Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс
Објавено во: Мои пари 05 Август, 2015 13:02
Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек. Мешавината на ладно цедено маслиново масло, домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска.
„Компанијата интензивно работи на развивање на нови вкусови и производи, како од традиционалните така и од специјалните лебови. Медитерано со домати и босилек е четвртиот вид од истоимената фамилија лебови инспирирана од една од најбогатите светски кујни што изобилува со разновидни вкусови и ароми. И овој леб во себе ја има основната состојка на медитеранската кујна, карактеристична за сите лебови од линијата, маслиновото масло кое покрај специфичниот вкус се одликува и со карактеристики корисни за човековото здравје“, изјави Лидија Трајковска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.
Медитерано лебот со домати босилек е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до две недели без додаток на конзерванси, постигното со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.
Новите лебови произлегуваат од анализата на пазарот и потребата од разновидноста во делот на понуда на леб. Затоа, преку лансирањето на новиот вкус на леб, компанијата Жито Лукс уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете





