27 Ноември, 2024
0.0272

НОВ „МАГИЧЕН ЕЛИКСИР“ ИЛИ САМО ТРЕНД: Што е Канабидиолот?

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Канабидиолот се наметнува како магичен еликсир, лек кој сега е достапен во купките за во бања, кучешките закуски и во лековите. Но, можеби се работи само за тренд.

Тешко е да се каже кога точно канабидиoлот достигна таква популарност. Овој дериват на канабисот, се појави како алтернатива за уживателите на ,,трева” за да стане мејнстрим, пишува Њујорк тајмс.

Можеби неговата популарност ја достигна во јануари, кога Менди Мур,неколку часа пред доделувањето на Златните глобуси, за магазинот ,,Куветур’’, изјави дека правела експерименти со маслото од КБД за да се ослободи од болките од носење високи потпетици. ,,Би можело да биде многу возбудлива вечер. Можно е да лебдам оваа година”, рече таа.

Или пак беше во јули, кога Вили Нелсон го претстави брендот на кафе наречено ,,Лекот на Вили”, кафе измешано со КБД. ,,Тоа се две од моите омилени состојки, заедно прават совршена комбинација” изјави тој. 

Или можеби беше во текот на октомври, кога др.Санџај Гупта даде квалификувано одобрување на КБД на ,,Шоуто на Др.Оз”. ,,Мислам дека се работи за легален лек. Зборуваме за нешто што навистина може да им помогне на луѓето”, изјави тој. Прашањето што сега се поставува е: Дали е ова појава на нов магичен еликсир или само тренд?

Поборниците на КБД тврдат дека лекот помага при различни воспаленија, болка, акни, анксиозност, несоница, депресија, пост-трауматски стрес, па дури и карцином, но лесно е да се запрашаме дали е ова природна, не-психотропска лесно достапна братучеда на марихуаната е лек на 21-от век.

,,Во моментов, КБД е хемиски еквивалент на биткоинот од 2016 година, вели Џејсон ДеЛанд, извршен директор и член на одборот на ,,Досист“, компанија за канбис во Санта Моника, Калифорнија. ,,Популарен е насекаде, а сепак никој него разбира”.

Што е КБД? 

Многумина се’ уште немаат поим. КБД е скратеница од канабидиол, хемикалија која ја има во избилство во растението канабис. Но за разлика од својот попознат братучед тетрахидроканабинол THK, КБД не предизвикува чувство на лебдење. Што не значи дека се чувствувате сосема исто кога го консумирате.

Корисниците велат дека чувството да се конумира КБД е ,,Физички, се чувствувате како после топла бања, ве релаксира” вели Гејб Кенеди, 27 годишен основач на ,,Plent People”, старт-ап во Њујорк што продава КБД капсули и масло. ,,Тоа е чувство на балансирање; рамнотежа,претежно млака сензација во телото и концентрација. "

,,Јас сум триесет годишник кој не преживеал ниту еден ден без аксиозност’’, напиша еден корисник на КБД форум на Редит. ,,Пред околу три недели започнав да користам 10% масло од КБД и не можам да ви опишам колку добро се чуствувам. За прв пат во последните 15+ години се чувствувам среќен  и се надевам на долг живот”.

Ваквите сведоштва зборуваат дека КБД може да биде совршениот лек за нашето време. Секоја генерација има своја психолошка болест. Тоа исто така значи дека секоја генерација има свој лек.


Извор-Фото: Њујорк тајмс

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.