Добивај вести на Viber
По трет пат Град Скопје ќе објави оглас за приватна фирма која целосно ќе го обнови скопскиот Луна Парк.
На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, мнозинството советници донесоа одлука да биде објавен трет оглас со кој уште еднаш ќе се побара фирма заинтересирана да прифати партнерство со градот и да инвестира во неговото заживување.
Доколку се постигне договор се очекува скопскиот Луна Парк да прерасне во модерен забавен парк, со европски стандарди и со голем број на забавни реквизити.
Фирмата која ќе биде избрана ќе стопанисува со паркот 35 години и ќе има обврска да го обнови, финансира, дизајнира, да го одржува и да управува со него.